Црква „Св. Ѓорѓи“ - Теово

црква во Теово, Воденско

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — преродбеничка црква во селото Теово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
40°50′51.0″N 21°57′22.4″E / 40.847500° СГШ; 21.956222° ИГД / 40.847500; 21.956222
МестоТеово, Воденско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички
Изградбапред 1850 г.
Управа
Архијерејско намесништвоВоденско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Црквата се наоѓа во центарот на селото, до гробиштата. Изградена е пред 1850 г. Во 1970-тите до неа е изградена нова централна црква „Св. Архангели Гаврил и Рафаил“.[1]

Храмот претставува трикорабна базилика со женска црква во западниот дел. Направена е од камен, со дебелина на надворешните ѕидови од 80 см. Има два влеза — еден од јужната и еден од западната страна. Покриена е со плочи и има и камбанарија. Во внатрешноста на запад има женска црква. Има забележителен позлатен иконостас. Од фреските се издвојува Пресвета Богородица Поширока од небесата. Црквата е реставрирана во првобитниот изглед.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Καρυδιά Έδεσσας ... στις πλαγιές του Καϊμάκτσαλάν“. Edessa city of waters. Посетено на 2 јуни 2021.