Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пазар

црква во Пазар, Егејска Македонија

Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Свето Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Поглед на црквата
Карта
40°47′23″N 22°24′28″E / 40.78972° СГШ; 22.40778° ИГД / 40.78972; 22.40778
МестоПазар
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архитект(и)Анастасиос Орландос
Архит. типтрикорабна базилика
Удрен темел1948
Завршена1957
Управа
Архијерејско намесништвоПазарско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Историја уреди

Во 1914 г. во поранешното турско маало на Пазар се вселиле 400 грчки семејства доселени од источнотракиските гратчиња Странџа (Бинкилич) и Мадитос (Еџеабат).[2] Во 1918 г. митрополитот Константиј Воденски им дал на тракиските доселеници место за иградба на црква во западниот дел на градскиот центар, каде тие ја подигнале.[1] Посветена е на Свети Ѓорѓи, покровителот на Странџа.[2] Во 1944 г. грамот е изгорен од германски единици. По војната, на 21 мај 1948 г. удрен камен-темелник на нова црква од митрополитот Пантелејмон Воденски, и храмот е свечено отворен на 24 март 1957 г.[1][2]

Опис уреди

 
Икона на Свети Ѓорѓи донесена од грчки доселеници од Странџа, Источна Тракија.

Архитект на црквата е Анастасиос Орландос.[2] Има крстокуполен облик и целата е од камен, со исклучок на средишните столбови.[1] Покривот е на четири води со ќерамиди. Има три влеза — од запад, север и југ.[3] Има димензии од 32 (27) м во должина, 19 м во ширина и 19 м висина.[1] На северозапад има куловидна камбанарија.[4]

Во 1965 г. со средства подарени од Странџа е направен нов насликан иконостас. Во 1983 г. започнало живописувањето на храмот од мајсторите Христофанис Вуцинас и Кацјолас во македонска техника. Интересно е тоа што црквата е воедно посветена и на Свети Никола.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου“. Η πόλη μας. Посетено на 12 септември 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Ιστορικό Ιερού Ναού“. Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου Γιαννιτσών. Посетено на 12 септември 2016.
  3. 3,0 3,1 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 40. Посетено на 16 јануари 2020.
  4. Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 41. Посетено на 16 јануари 2020.