Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лавце

Свети Ѓорѓи — црква во тетовското село Лавце.[1] Според легендата црквата потекнува од средината на 19 век. Имено тука дошла некоја жена од Русија на која ѝ се сонило да направи црква. Таа сама ги редела камењата и направила објект што личел на црква. Одвај се влегувало, но поставила крст и му дала име на светецот. На тоа исто место, зачувувајќи ги старите ѕидови, лавчани изградиле нова црква, а до неа и трпезарија која со годините прераснува во конак каде што се собираат на селската слава „Св. Атанасиј“ и на празникот Св. Ѓорѓи. Црквата била цел на кражби и оштетувања.[2]

Свети Ѓорѓи
[[Податотека:
Sv. Gjorgji-Lavce
|250px]]

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Четврта тетовска
Местоположба
Место Лавце
Општина Тетово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Великомаченик Георгиј
Архитектонски опис

Наводи уреди

  1. „свети Ѓорѓија во село Лавце“. КИСС ТВ. 15 август 2009. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-16.
  2. Ефтоски, Гојко (1 април 2008). „Оштетена и ограбена црква во село Лавце“. Утрински Весник. Посетено на 2011-01-16.