Црква „Св. Ѓорѓи“ - Враста (Лагадинско)

црква во Враста, Лагадинско

Свети Ѓорѓи и Успение на Пресвета Богородица (грчки: Αγίου Γεωργίου & Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Враста, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
40°42′17″N 23°39′12″E / 40.70472° СГШ; 23.65333° ИГД / 40.70472; 23.65333
МестоВраста, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна крстокуполна базилика
Изградба1868 / XX век
Управа
Архијерејско намесништвоАспровалтско
ЕпархијаСерско-нигритска

Црквата е парохиски храм на селото. Сместена е во неговиот северен дел, до средновековната Врастенска кула и гробиштата. Изградена е врз постар храм од кој останала само камената камбанарија. Тој претходен храм бил изградена на 30 март 1868 г. според натпис на мермерна плоча. Сегашната црква е трикорабна крстовидна базилика со купола. Храмот е живописан и има иконостас во византиски стил.[1]

Во старата камбанарија се вградени римски надгробни релјефи.[2]

Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Петка“, „Св. Павле“, „Свети Бессребреници“ и вонселските цркви „Св. Антониј“ и „Св. Јован Претеча“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.
  2. „O πύργος των Βρασνών“. Protostrator. Посетено на 12 октомври 2016.