Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Цера

манастирска црква на Еленец

Покров на Пресвета Богородица – манастирска црква на манастирот Еленец.[1]

Покров на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Оризарска
Местоположба

Карта

Координати 42°03′50.7″N 22°31′01.4″E / 42.064083° СГШ; 22.517056° ИГД / 42.064083; 22.517056
Место Цера
Општина Македонска Каменица
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1880
Архитектонски опис

Историја уреди

Црквата била изградена врз темелите на постар објект во 1880 година. манастирот во 20 век. Подоцна била срушена и обновена.[2]

Архитектура уреди

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура. Таа има три осумаголни куполи коишто се распоредени во правец исток-запад, а од нив средната е малку поголема и е изградена повисоко. На источната страна, црквата има полукружна апсида, додека на останатите страни има по еден влез, а главниот е сместен на западната страна. Пред главниот влез е дограден трем над којшто се издига камбанаријата. Таа се состои од два дела. Долниот дел е повисок и има квадратна основа, а на секоја страна во висина на ѕвоното има по една монофора. Горниот дел е со помала осумаголна основа, а на секоја страна има по една мала монофора. Над споредните влезови од јужната и северната страна има по две монофори коишто се одвоени со слепа ниша. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со скалест кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот се состои од два реда.

Во непосредна близина на црквата има помошен објект и чешма коишто се изградени од камен.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 32. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Ш., Љ.. „Еленец ја враќа надежта во подзаборавената Цера Архивирано на 8 февруари 2021 г.“. ММС. 14 август 2018.

Надворешни врски уреди