Црква „Вознесение Христово“ - Малино

црква во селото Малино

Вознесение Христово (позната како Свети Спас) — главна селска црква во светиниколското село Малино, Македонија.[1]

Вознесение Христово

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Втора светиниколска
Местоположба

Карта

Координати 41°57′08.26″N 21°50′12.24″E / 41.9522944° СГШ; 21.8367333° ИГД / 41.9522944; 21.8367333
Место Малино
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа над селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа северно од селото Малино.[2] До нејзе се пристапува по земјен пат од селската чешма.

Историја уреди

Веројатно е изградена за време на отоманскиот период. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[3]

Архитектура уреди

Црквата најпрвин била доста мала, а подоцна била значително проширена.[2]

Фрескоживопис уреди

Внатрешноста на црквата е фрескоживописана.

Иконостас уреди

Црквата поседува иконостас. Иконите се од XIX век од непознат иконописец.[3]

Галерија уреди

Надворешноста
Внатрешноста

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 680.
  3. 3,0 3,1 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-30.

Надворешни врски уреди