Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кривогаштани

црква во селото Кривогаштани, Македонија

Воведение на Пресвета Богородица — селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]

Воведение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прва кривогаштанска
Местоположба

Карта

Координати 41°20′7″N 21°19′45″E / 41.33528° СГШ; 21.32917° ИГД / 41.33528; 21.32917
Место Кривогаштани
Општина Кривогаштани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Завршено 1990
Осветување 1996
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Кривогаштани.

Местоположба уреди

Црквата е сместена во селото Кривогаштани, на патот за селото Пресил. Во близина на црквата се наоѓаат остатоци на стари гробови.[2]

Историја уреди

Црквата била подигната во 1990 година врз темели на стара црква,[3] како што има потврдено за старото црквиште и Јован Трифуноски во своите истражувања на селото во 1952 година.[2] Во внатрешноста на црквата, старата црква е обележана со темни керамички плочки. Црквата била осветена во 1996 година од страна на митрополитите Петар Преспанско-пелагониски и Стефан Брегалнички.[3]

Архитектура уреди

Црквата има еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Црква „Света Богородица – Пречиста", село Кривогаштани“. OLDPRILEP.COM. 2011-12-15. Посетено на 2022-01-06.

Надворешни врски уреди