Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Буринец

црква во селото Буринец

Воведение на Пресвета Богородицацрква во селото Буринец.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото.

Воведение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Втора струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°23′38.7″N 20°37′05.6″E / 41.394083° СГШ; 20.618222° ИГД / 41.394083; 20.618222
Место Буринец
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено XIX век
Зограф Никола Аврамов
Константин Николов
Архитектонски опис

Историја уреди

Црквата била изградена во XIX век. Во февруари 2011 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени икони.[2]

Архитектура уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. На јужната страна е доградена припрата која е во целост затворена. Главната влезна врата на црквата е сместена од западната страна, а до внатрешноста на црквата води и споредна врата преку припратата од јужната страна. Над споредната врата има ниша со фреска на која е насликана Богородица Марија со Исус Христос. На ѕидовите од црквата и припратата има повеќе прозорци. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. Со лимен кров е покриена и апсидата.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него е сместена камбанаријата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои првиот е изграден од камен, а вториот од лим и содржи по два отвори на секоја страна. Камбанаријата е покриена со кров од ќерамиди.

Иконостас уреди

Иконостасот во црквата е дело на Никола Аврамов и Константин Николов, кои биле ученици на Аврам Дичов.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Ограбени цркви[мртва врска]“. Вечер. 28 февруари 2011.
  3. Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век. Македонска православна црква. 6 октомври 2010.

Надворешни врски уреди