Црква Пресвета Богородица на Небесниот жртвеник

Пресвета Богородица на Небесниот жртвеник (латински: Basilica Sanctae Mariae de Ara coeli al Campidoglio, италијански: Basilica di Santa Maria in Ara coeli, македонски: Базилика Света Марија на небесниот олтар) е титуларна базилика во Рим, Италија, која се наоѓа на ридот Капитол.

Базилика Пресв. Богородица
на Небесниот жртвеник
Basilica di Santa Maria in Ara coeli (италијански)
Basilica Sanctae Mariae de Ara coeli (латински)
Фасадата од базиликата
Основни податоци
Место Италија Рим, Италија
Координати41°53′38″N 12°29′00″E / 41.89389° СГШ; 12.48333° ИГД / 41.89389; 12.48333
ПрипадностРимокатоличка црква
Духовно-организациски статусГлавна базилика
ВодствоСалваторе де Џорџи
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква
Архитектонски стилромански, готски
ЗавршенXII century
Особености
Насоченост на фасадатаWbS
Должина80 метарs (260 ст)
Ширина45 метарs (148 ст)
Ширина (кораб)20 метарs (66 ст)

Во почетокот, христијанскиот објект се викал Света Марија на Капитол, но во текот на 14 век името на црквата било променето. Според легендата, храмот бил изграден на местото каде сибилата Tiburtine Sibyl го предвидела доаѓањето на Исус Христос и неговото раѓање. Честопати црквата се нарекува и како Капитолска базилика.

Во самата базилика се наоѓаат дел од останките на Света Елена, мајка на Константин Велики. Нејзините мошти биле на неколкупати крадени од Рим, па денеска се наоѓаат дел од нив во Франција. Овде се наоѓаат и останките од папа Хонориј II. Еден од најпознатите предмети кои се наоѓаат во базиликата е статуата на малото дете кое е претставено како Исус. Во средниот век и денес, се верува дека статуата поседува чудотворна моќ[1]. Во 1994 година статуата била украдена, и никогаш не била повторно пронајдена. Денеска се користи копија од истата.

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-08-26. Посетено на 2011-03-31.