Zyklon B (германски: Zyklon B) — комерцијално име за пестицид на основа на цијанид откриен во раните 1920-ти, и произведен од страна на германскиот хемиски конгломерат IG Farben (македонски: ИГ Фарбен). Циклон Б содржи цијановодородна киселина (prussic acid), стабилизатор, предупредувачки мирис (етил бромоацетат), и еден од неколкуте адсорбенти. Циклон А бил претходно произведен течен пестицид, кој ослободувал цијановодородна киселина во хемиска реакција со вода. По откривањето на Циклон Б, производството на Циклон А запрело.

Празни гасни канистери, кои сојузничките сили ги пронашле на крајот на Втората светска војна

Овој производ е неславен поради употребата од страна на нацистичка Германија за убиство на 1,2 милиони луѓе од кои 960.000 евреи, во повеќе гасни комори за време на Холокаустот.[1] Еден од ко-пронаоѓачите на Циклон Б, хемичар и стопанственик Бруно Теш, бил погубен од страна на британците во 1946 поради неговата улога во оваа операција.

Наводи уреди

  1. Höss, Death Dealer, pp. 154–55, cited in Christopher Browning, The Origins of the Final Solution (Nebraska Univ Press/Yad Vashem, 2004), pp. 526–27, n. 208, 209, 210.

Надворешни врски уреди