Цветан Зафировски

Цветан Здравков Зафировски ( 1922 во Осинчани, Скопско14 април 1945 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Се занимавал со земјоделство. Во октомври 1944 година стапил во Четиринаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во акциите низ Македонија за ликвидирањето на балистичките банди. Потоа со Бригадата заминал да учествува во завршните операции за ослободувањего на Југославија. Претходно со успех завршил обука во ракување со новоприменото оружје. Загинал на 14 април 1945 година во голема битка против силни фашистички единици.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 60. На |first= му недостасува |last= (help)