Христо Б. Исакиев ( 1926 во Гостивар5 мај 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Откако го завршил основното образование го продолжил во средно училиште. Се преселил да живее во Скопје. По ослободувањето на Македонија стапил во НОВ и ПОЈ. Бил распореден во XV македонски корпус во чиј состав заминал за Србија. Во близината на Белград ја завршил тримесечната обука и успешно го совладал ракувањето со новоприменото оружје. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Пред крајот на војната, на 5 мај 1945 година, во една од последните битки против непријателот храбро загинал.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 69. На |first= му недостасува |last= (help)