Христијанска црква „Оаза“
Христијанска црква „Оаза“ ― евангелско-протестантска црква која е дел од Евангелско-протестантската иницијатива.
Основана | 2010 |
---|---|
Вид | Црква |
Регион | Македонија |
Припадност | Евангелско-протестантска иницијатива |
Историја уреди
Христијанската црква „Оаза“ во Македонија започнала преку ЕЦ Штип во 2007 година, од група верници кои сакале поголема слобода за Светиот Дух во работата на црквата, во вдахнато славење и молитви во живо сведочење и евангелизирање. Во 2010 година била регистрирана како верска заедница под називот Христијанска црква „Оаза“ во РМ. Истата година, неделните богослужби биле во изнајмен простор на Радио Канал77. Црквата е активна во разни области, како повремени хуманитарни активности, евангелизациски напори за достигнување на градот Штип и околни места како Делчево, Велес, Кратово.
Во 2014 година, Зоран и Оле Илиевски заминале да започнат ХЦ „Оаза“ во Скопје. Црквата се занимава со служба со ТВ програми кои се емитуваат на регионални ТВ станци низ Македонија, како и со бесплатно ширење на книги преведени на македонски јазик.[1]
Наводи уреди
- ↑ Јован Јоновски, Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, Скопје, 2017.