Динарот - поранешна валута на Хрватска помеѓу 23 декември 1991 година и 30 мај 1994 година. ИСО 4217 кодот бил HRD.

Хрватски динар
ISO 4217
КодHRD
Составници
Банкноти1, 5, 10, 25, 100, 500, 1000, 2000, 5000, 10,000, 50,000, 100,000 динари
Монетине
Демографија
Воведена23 декември 1991
Повлечена30 мај 1994
Корисник/ци Хрватска
Издавач
Централна банкаХрватска народна банка
 Мреж. местоhnb.hr
Инфоутијава ја прикажува последната состојба на валутата пред да биде укината.

Историја уреди

Хрватскиот динар ја заменил верзијата на југословенскиот динар од 1990 година на исто ниво. Тоа било преодна валута воведена по прогласувањето на независност на Хрватска. За време на своето постоење, динарот опаднал во вредност од фактор околу 70. Динарот бил заменет со куна со стапка од 1 куна = 1000 динари. Валутата не се користела во заземените територии кои ја сочинувале таканаречената Српска Краина.

Банкноти уреди

Деноминација Датум на издавање
1 динар
8 октомври 1991
5 динари
10 динари
25 динари
100 динари
500 динари
1.000 динари
2.000 динари
15 јануари 1992
5000 динари
10.000 динари
50 000 динари
30 мај 1993
100 000 динари

Аверсот на сите банкноти бил ист, со слика на хрватскиот научник од Дубровник, Руѓер Бошковиќ. Банкнотите до 1000 динари ја имале на реверсот Загрепската катедрала На повисоките апоени била претставена скулптурата „Историја на Хрватите“ на Иван Мештровиќ на задната страна.

Поврзано уреди

Библиографија уреди

Надворешни врски уреди