Хоф (округ)

округ во Баварија, Германија

Хоф (германски: Hof) — округ во сојузната покраина Баварија, Германија. Се граничи со окрузите Вунзидел, Бајројт, Кулмбах и Кронах, покраината Тирингија (округот Зале-Орла), покраината Саксонија (district of Фогтланд) и со Чешка (округот Хеб). Седиште на округот е градот Хоф кој е есклава и не припаѓа на него (туку претставува безокружен град).

Хоф
Hof
округ
Знаме на ХофГрб на Хоф
Карта
Земја Германија
ПокраинаБаварија
Адм. подр.Горна Франконија
СедиштеХоф
Површина
 • Вкупна893 км2 (345 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно94.522
 • Густина110/км2 (270/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.HO, MÜB, NAI, REH, SAN
Мреж. местоlandkreis-hof.de

Историја уреди

По краток период намесна власт на Кралството Прусија (1791 – 1810), во 1810 г. подрачјето влегло во Баарија. Округот е основан во 1852 г. Со реформите од 1972 г. се соединил со делови од укинатите окрузи Најла, Минхберг, Кронах и Рехау.

Географија уреди

Реката Зале извира во јужниот дел на округот, на падините на Фихтелските Планини. Оттаму тече на север, при што нејзината долина ги дели Фихтелските Планини на исток од пониското средногорје Франконска Шума на запад.

Грб уреди

На окружниот грб се претставени два лава. Тие се преземени од грбовите на грофовиите Вајда и Нирнберг кои владееле со овој крај во средниот век.

Градови и општини уреди

 
Градови и општини во округот Хоф.
Градови Општини
  1. Зелбиц
  2. Лихтенберг
  3. Минхберг
  4. Најла
  5. Рехау
  6. Хелмбрехтс
  7. Шауенштајн
  8. Шварценбах ам Валд
  9. Шварценбах на Зале
  1. Бад Штебен
  2. Берг
  3. Вајсдорф
  4. Гатендорф
  5. Геролдсгрин
  6. Делау
  7. Исигау
  8. Кедиц
  9. Конрадсројт
  1. Лојполдсгрин
  2. Оберкоцау
  3. Регницлозау
  4. Тепен
  5. Троген
  6. Фајлич
  7. Цел на Фихтелските Планини
  8. Шпарнек
  9. Штамбах

Наводи уреди

  1. „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди

50°15′N 11°50′E / 50.25° СГШ; 11.83° ИГД / 50.25; 11.83