Хотел „Палас“ (Охрид)

хотел во Охрид

Хотел „Палас“хотел во градот Охрид чија зграда е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Хотел „Палас“
Поглед на зградата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видхотел
Стилмодернизам
Адресаул. „Партизанска“ б.б.
ГрадОхрид
Земја Македонија
Почната1952
Завршена1957
Технички податоци
Катови6
Проектирање и изградба
АрхитектЕдо Михевц

Архитектура уреди

Хотелот е сместен на охридското шеталиште — од една страна гледа кон кејот „Македонија“, а од другата кон ил „Партизанска“. Изграден е во периодот од 1952 до 1957 година. Архитектурата на карактеристична за модернизмот кој преовладувал во тоа време. Градена е на четири дела. Првиот дел, која има партитура и пет ката, е без еркери, со правоаголни прозорци, сместени симетрично еден над друг, а фасадата на тој дел е од бел мермер. Останатите два дела се од партер и еден кат, со истата карактеристична мернерна фасада и строга симетрија. Двата дела се многупати реновирани, ресторанот е дограден во различен архитектонски стил. На приземниот кат хотелот има влезена сала со рецепција кон улицата „Партизанска“, а кон кејот се хотелските соби меѓу кои и ресторанот и барот, додека пак на катовите се гостинските соби.[1]

Зградата е во релативно добра состојба, но по затворањето на хотелот трпи постепени оштетувања поради неодржување. Зградата е наполно автентично зачувана, особено фасадата. Исклучок е ресторанот, кој е дограден и обновен од стакло и алуминиум, нарушувајќи го автентичниот изглед на хотелот.[1]

Во 2016 г. е отпочната реконструкција на хотелот со цел негово повторно отворање.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Архитектонски објект хотел „Палас". Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 17 октомври 2017.
  2. Рилковска, Соња (1 март 2016). „Ќе се рестартира хотелот „Палас". Канал 5. Посетено на 12 март 2022.