Холцминден (германски: Holzminden) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер, која ја создава границата со соседната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Холцминден
Стариот град и кејот на Везер
Стариот град и кејот на Везер
Стариот град и кејот на Везер
Знаме на Холцминден
Грб на Холцминден
Холцминден во рамките на Германија
Холцминден
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Холцминден
Градоначалник Јирген Даул (независен)
Основни податоци
Површина 88,25 км2
Надм. височина 89 м
Население 19.790 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 224 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Пошт. бр. 37603
Повик. бр. 05531
Портал holzminden.de
Местоположба на градот Холцминден во рамките на округот Холцминден
Карта
Карта
Координати 51°49′47″N 9°26′54″E / 51.82972° СГШ; 9.44833° ИГД / 51.82972; 9.44833

Потекло на поимот уреди

Холцминден е првпат споменат во IX век како „Холтесмени“ (Holtesmeni). Меѓутоа, името во тоа време не се однесувало на денешниот град, туку на селото Алтендорф („старото село“), кое било споено во градот во 1922 година.

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Поглед од Фелдберг на градот
 
Стилизиран градски ѕид

Холцминден се наоѓа во горниот дел на Везерското Средногорје на северозападниот крај на масивот Золинг. Понасевер се наоѓа Фоглер и Ит. Од главниот град на Долна Саксонија, Хановер, води сојузен автопат во должина од околу 80 километри. Градот се наоѓа на источниот брег на Везер.

Во непосредна близина се наоѓаат местата од Северна Рајна-Вестфалија Лихтринген, Штале и Хекстер.

Соседни општини уреди

Почнувајќи од север надесно, градот Холцминден се граничи со Беверн и слободните области Холцминден и Мерксхаузен (округ Холцминден), слободната област Золинг (округ Нортхајм), општината Дерентал и слободната област Бофцен (повторно округ Холцминден), како и на запад со округот Хекстер и окружниот град Хекстер.

Градски единици уреди

Градот се состои од следниве единици:[2]

  • Холцминден
  • Нојхаус во Золинг
    Фоленплакен (припаѓа на Нојхаус во Золинг)
  • Зилберборн
    Торфхаус (припаѓа на Зилберборн)
  • Миленберг

Историја уреди

Во текот на владеењето на Лудвиг Побожниот (814–840), монасите од манастирот Корби во Франција дошле во овој дел од Германија и го основале Хетис во Золинг. Откако станало јасно дека местото е неодржливо (немање пристап до вода) било напуштено и се создал нов манастир (Опатија Корвај, близу реката. Старите документи покажуваат многу донации кон манастирот Холтесмени.

Населбата се верува дека настанала во VI-VII век. Другите села подоцна биле напуштени откако Холцминден добил општински права, што дало поголеми привилегии на жителите и привлекло нови жители од околината.

Во 1200 година, градот бил ставен под заштита на Еверштајн и од 1245 година добил општински права. Тие биле доделени од грофот на Еверштајн.[3] Грбот на градот го покажува лавот на Еверштајн со отворена градска порта.

Од 1408 година, градот припаѓал на велфските принцови; а од XVI век на линијата принцови Брауншвајг. Од XVI век до 1942 година, Холцминден се наоѓал во Брауншвајг-Линебург.

Во 1640 година, во текот на Триесетгодишната војна, градот бил срушен од царските трупи, од што тешко се опоравил. До XX век, Холцминден останал мал град на фармери.

Во текот на Првата светска војна, градот бил место на големиот камп, во кој имало 10.000 Полјаци, Руси, Белгијци и Французи, вклучувајќи жени и деца; како и помал воен камп за британски офицери.

Стопанство уреди

 
Холцминден во зима
 
Улицата Фирстенбергер со поглед на Харманплац, именуван по градителот Фридрих Лудвиг Харман
 
Градската железничка станица

Занаетчиството и земјоделството долго време биле главниот приход на градот. Денес, градот е главно индустриски.

Кон крајот на XIX век, доктор Вилхелм Харман започнал да се развива во индустријата за вкусови. Во 1874 година, Фердинанд Тиман, успеал да го синтетизира ванилинот од кониферил алкохол. Биле развиени и други производи. Современиот наследник на неговото претпријатие е фабриката Зимризе (Symrise).

Големото претпријатие Штибел Елтрон, кое произведува опрема за загревање и камини се наоѓа во градот.

Религија уреди

Како дел од поранешната територија на Брауншвајг, Холцминден одржува протестантска традиција. Црквата „Св. Павле“ во Алтендорф потекнува пред 1200 година и е најстара од градските цркви.

Музеи уреди

  • Градскиот музеј
  • Музеј за играчки и кукли (приватен)

Образование уреди

  • Висока школа за применети науки и уметност била основана во 1831/32 година од Фридрих Лудвиг Харман како прва школа за архитектура во Германија.[4]
  • Интернат Золинг е приватно училиште основано во 1909 година како дел од образовното движење под мотото „Ум, срце и рака“. Кампусот се наоѓа на ридскиот масив Золинг.[5]
  • Гимназија
  • Две средни стручни училишта
  • Специјално училиште

Меѓународни односи уреди

Холцминден е збратимен со следниве градови:

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. holzminden.de Bürger-Service Zahlen&Fakten Архивирано на 13 април 2016 г.
  3.   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Holzminden“ . Encyclopædia Britannica. 13 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 624.
  4. „Hochschule für angewandte Wissenschaft und Kunst“. Архивирано од изворникот на 2017-01-16. Посетено на 2017-12-04.
  5. Internat Solling

Надворешни врски уреди