Хлодомер, наречен и Хлодомир (роден околу. 495) бил вториот од четирите синови на Хлодовик I, Крал на Франките. По смртта на неговиот татко, во 511, тој го поделил кралството на Франките со своите тројца браќа: Теодорих I, Хилдеберт I, и Хлотар I. Иако Теодорих, најстариот, добил повеќе, Хлодомер пола од кралството си го поделил со останатите двајца браќа. Тоа било кралството на Орлеан, земено од претходното кралство Сијагриус. Кралството ги вклучувало градовите Тур, Поатје и Орлеан. Хлодомер се оженил со Гунтека, со која имал три деца: Теодебалт, Гунтар, и Клодоалд.

Хлодомер
Крал на Орлеан
Поделба на Галија по смртта на Хлодовик, која го покажува кралството на Хлодомер заедно со оние на неговите браќа
Крал на Орлеан
На престол509 - 511
ПретходникХлодовик I
НаследникКлотер I
Роден(а)c. 495
Починал(а)524
Битка кај Везеронс
ДинастијаМеровинзи
ТаткоХлодовик I
МајкаКлотилда

Во 523–24, веројатно по барање на неговата мајка Клотилда, која барала одмазда за својот внук убиен од страна на Зигизмунд од Бургундија, Хлодомер им се приклучил на браќата во воен поход против Бургундите. Откако го заробил Зигизмунд, Хлодомер се вратил во Орлеан. Сепак, братот на Зигизмунд Гондомар триумфално се вратил во Бургундија со својата војска потпомогната од неговиот сојузник Теодорих Велики кралот на Остроготите. Тој го масакрирал гарнизонот на Франките кои останале во Бургундија.

Хлодомер наредил Зигимунд и неговите синови Гизалд и Гондебауд да бидат убиени на 1 мај 524. Тогаш тргнал со втор поход против Бургундите. Бил убиен за време на овој воен поход, пролетта или летото истата таа година, во Битката кај Везеронс. Неговите синови биле оставени да ги чува мајка му додека пак неговата вдовица се омажила со Клотер I. Клотер, сепак, ги убил децата на Хлодомер, иако Клодоалд успеал некако да побегне. Тој подоцна станал опат на Ногент, откажувајќи се од долгата коса, симбол на кралската крв, со цел да си го зачува животот.

Потекло уреди

Понатамошни четива уреди

Хлодомер
Роден(а): 495 Починал(а): 524
Претходник
Хлодовик I
Крал на Орлеан
511–524
Наследник
Клотер I