Хипоцентар — местото во Земјината кора од каде настанал земјотресот.[1] Тоа е точката од каде почнуваат да се шират земјотресните бранови во вид на концентрични кругови. Положбата на хипоцентарот се определува врз основа на записите на сеизмичките бранови во повеќе точки на Земјината површина.

Хипоцентарот се наоѓа директно под епицентарот на земјотресот (исто така наречен жариште).

Според длабочината на која се наоѓаат, хипоцентрите ги делиме на плитки (до 70 км), средни (70-300 км) и длабоки (300-730 км).

Примарна намена на сеизмометрите е да определат локацијата на хипоцентарот на земјотресот, а потоа да се определи интензитетот (моментната магнитуда) врз основа прецизно регистрирано место. Сеизмометрите распоредени во одредена област можат да се искористат за прецизно определувањe, во три димензии, на изворот на земјотресот, користејќи го времето потребно сеизмичките бранови да стасаат од хипоцентарот до сеизмометрите.

Наводи уреди

  1. „Earthquake Glossary - hypocenter“. United States Geological Survey. Архивирано од изворникот 2010-03-15. Посетено на 2013-05-16.