Хешван (хебрејски: חֶשְׁוָן), полн назив: мархешван (מַרְחֶשְׁוָן, од акадски: waraḫsamnu, „осми месец“) — вториот месец од граѓанскиот и осмиот месец од верскиот еврејски календар.

тишри       хешван (מַרְחֶשְׁוָן)       кислев
Светскиот потоп
Светскиот потоп

Светскиот потоп, според Библијата,
започнал во хешван
Реден број: 8
Денови: 29 (понекогаш 30)
Годишно време: есен
Грегоријански: октомври–ноември

Во обична година, хешван има 29 дена, но во некои години му се додава уште еден ден поради одложувањето на Рош ашана за годината да биде целосна. Ова е есенски месец кој се паѓа во октомври-ноември во грегоријанскиот календар.

Еврејската Библија пред Вавилонското ропство овој месец го нарекува бул (1 Царства 6:38)[1]. Во Сидон, бул се споменува на саркофагот на феникискиот крал Ешмунасор II (почеток на V век п.н.е.).

Празници во хешван уреди

Наводи уреди

  1. Првата книга Царства од Еврејската Библија соодветствува на Третата книга Царства од македонската православна Библија — вид. Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 383 PDF

Други извори уреди

Надворешни врски уреди