Хелен (митологија)

Хелен (старогрчки: Ἕλενος = „од Месечината“) — лик од старогрчката митологија, син на тројанскиот крал Пријам и неговата втора жена Хекаба, брат-близнак на Касандра. Исто како неа, и Хелен бил пророк: тој го разбирал говорот на птиците и така ги дознавал советите на боговите. Наводно, од него потекнува пророштвото за тројанскиот коњ. По смртта на брат му Хектор, се оженил со неговата жена Андромаха, која му го родила синот Кестрин. По еден мит, тој ѝ се предал на грчката војска поради злострорството во кое Парис нечесно го убил Ахил во храмот.[1]

Наводи уреди

  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 165.