Хаџи Касим (турски: Hacı Kâsım) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Ова маало се наоѓало источно од скопската саат-кула. На југ од него било маалото Хаџи Таџедин, на запад Џами Атик, на север Исмаил Војвода, додека пак на исток било маалото Пазар Баши. Од Камениот мост било оддалечено 900 метри североисточно.

Историја уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 19 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Исто така имало и 2 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 48 жители.[1]

Сегашност уреди

Денес од ова маало нема останато ни тага, наполно е урбанизирано. Во рамките на неговите некогашни граници се наоѓаат три факултети, и тоа: Економски факултет, Филозофски факултет и Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.