Во човечката генетика, Хаплотип 35, исто така наречен ht35 или Ерменски модален хаплотип, е хаплотип на хромозомот Y од варијации на микросателитот Y-STR, поврзан со Хаплогрупата R1b . Се карактеризира со DYS393=12 (за разлика од атлантскиот модален хаплотип, друг хаплотип R1b, кој се карактеризира со DYS393=13). Припадниците на овој хаплотип се наоѓаат во голем број во Мала Азија и Ерменија, со помал број низ Средна Азија, Блискиот Исток, Балканот, на планините Кавкус и кај еврејската популација. Тие се присутни и во Британија во областите за кои е откриено дека имаат висока концентрација на Хаплогрупата Ј, што сугерира дека пристигнале заедно, можеби преку римските војници.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди