Ханојска кула

вид загатка

Ханојска кула, позната и како Брамина кула или Лукасова кула[1]матеиатичка игра или загатка. Се состои од три дрвени стапчиња и бројни дискови со различна големина кои може да се поместуваат од едно на друго стапче. На почетокот од загатката, куп од сите дискови е поставен во опаѓачки редослед во облик на конус (или „кула“) на едно стапче, така што дискот со најголем пречник е најдолу, а оној со најголем пречник најгоре. Главна цел на загатката е да се помести купот од сите дискови од едно стапче на друго, а притоа да се почитуваат следниве правила:

  1. само еден диск може да биде поместен со секој потег;
  2. секој потег се состои од поместување на горниот диск од еден куп кон врвот на друг куп или на дното на празно стапче; и
  3. не може да се случи диск да се помести врз друг диск со помал пречник.
Макета на Ханојската кула со осум дискови
Анимација на оптимално решение на Ханојската кула со четири диска

Со три диска, загатката може да се реши во 7 потези. Оптималниот, т.е. најмалиот, број на потези за решавање на загатката изнесува 2n − 1, каде што n е бројот на дискови.

Наводи уреди

  1. Hofstadter, Douglas R. (1985). Metamagical Themas : Questing for the Essence of Mind and Pattern. New York: Basic Books. ISBN 978-0-465-04540-2.

Надворешни врски уреди