Халмахерско Море

море во Индонезија

Халмахерско Мореморе во Тихиот Океан сместено на подрачјето на Индонезија. Лежи помеѓу 1° ЈГШ и 129° ИГД и се граничи со ширта на Тихиот Океан на север, островот Халмахера на запад, островот Вајгео и покраината Папуа на исток, и Серамското Море на југ. Зафаќа површина од 95.000 км и топографски опфаќа повеќе одделни подводни котлини и сртови, од кои најголема е Халмахерската Котлина, со длабочина од 2.039 м.

Местоположба на Халмахерското Море во Југоисточна Азија
Халмахерското Море на северот на Молучките Острови

Опфат уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Халмахерското Море ги има следниве граници:[1]

На север Линија од Ваџабула (Моротај) до ’ртот Џоџефа, северниот крај на Халмахера.

На исток. Линија од ’ртот Горанго, североисточниот крај на островот Моротај, преку островите Саџанг и Каве до западните крајности на островите Вајгео и Батанта, па преку водата до северозападниот крај на островот Самавати, долж брегот до ’ртот Менонкет (југозападниот крај), а оттаму до ’ртот Селе, Нова Гвинеја (1°26′S 130°56′E / 1.433° ЈГШ; 130.933° ИГД / -1.433; 130.933).

На југ. Северната граница на Серамското Море помеѓу Голем Оби и Нова Гвинеја [Линија од ... Голем Оби ... ’ртот Серанмалолео (неговиот источен крај), а оттаму низ островите Тобалај, Кекек, Писанг и Кофијау до ’ртот Селе (1°26′S 130°55′E / 1.433° ЈГШ; 130.917° ИГД / -1.433; 130.917), западниот крај на Нова Гвинеја].

На запад. Јужната граница на Молучкото Море помеѓу Халмахера и Голем Оби [Линија од јужниот крај на Халмахера со северниот крај на островот Биса (Сетиле), а оттаму до северниот крај на Голем Оби].

Наводи уреди

  1. „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)

Надворешни врски уреди

1°S 129°E / 1° ЈГШ; 129° ИГД / -1; 129