Хала Ал-Абдала Јакуб

Хала Алабдала (родена 1956 година во Хама, Сирија) е сириски кинематографер и режисер. Таа моментално живее во Париз,[1] продуцирајќи филмови. Таа е позната по „Јас сум таа која што ги носи цвеќињата на нејзиниот гроб“, Како да сме фаќале кобра („Comme si nous attrapions un cobra“) и Опколена како Јас (2016).[2]

Историја уреди

Како млада, Хала била многу вмешана во политиката. Таа била уапсена на 20-годишна возраст и поминала 14 месеци во затвор. Подоцна, таа се преселила во Париз со нејзиниот сопруг Јусеф Абделке. Таму решила да почне да се занимава со филм и ги контактирала нејзините пријатели Амиралај, Малас и Мохамад за советување. Нивниот совет, да се откаже од идејата, само ја зголемила нејзината страст и решителност.

Филм и политика уреди

Хала почнала да работи во кино на 31 година, патувајќи меѓу Франција и Сирија. Првично како уметнички соработник, таа стана ко-режисер. Таа е продуцент и менаџер на компанија по име Рамад филм во Сирија.

На 50 години, таа го издала својот добро познат документарен филм „Јас сум таа што носи цвеќе на нејзиниот гроб“. Филмот беше голем успех и признат на меѓународно ниво, освојувајќи награди на Филмскиот фестивал во Венеција и на Меѓународниот филмски фестивал во Дубаи. Исто така филмот бил номиниран за уште една награда на Венецискиот филмски фестивал и добил уште номинации на Меѓународниот фестивал на документарен филм Јамагата и Филмскиот фестивал на три континенти во Нант. Таа го користела филмот како инструмент, односно средство за комуникација и за политика и за поезија. Хала живеела во близина на кино-клубот Дамаск и разговарала за кино со неговите сопственици во тоа време - Омар Амиралеј, Мохамед Малас и други. По некое време, таа почувствувала потреба и самата да снима филмови, привлечена од нивниот потенцијал да носат силна политичка порака или да се залагаат за одредена кауза. За неа, филмовите почнале да бидат нешто како уметничко дело, на естетска аудио-визуелна основа. Јас сум таа што носи цвеќе на нејзиниот гроб го отсликува нејзиното патување во филмот, политичката порака како едно уметничко дело.

Кинематографија уреди

  • Омар Амиралеј - ,,Тага, време и тишина" (2021) [3]
  • Comme si nous attrapions un cobra - ,,Како да сме фаќале кобра" (2012) [4]
  • Hé! N'oublie pas le cumin - ,,Еј! Не заборавај на кимот" (2008) [1]
  • Yolla, Un retour vers soi (2008) за култура на Франција. [4]
  • ,,Јас сум таа што носи цвеќе на нејзиниот гроб" (2006) [5]
  • L'homme aux semelles d'or - ,,Човекот со златни стапала" (2000), со Омар Амиралеј [6]

Важноста на документарните филмови уреди

Документарците се од суштинско значење за земја во развој како Сирија, во очите на Хала Абдалах, документарците се алатки за ослободување од борбата која што се преживува секој ден. Документарците ги збогатуваат погледите на публиката по 40 години комерцијални и пропагандни филмови што ги гледаа. Хала рече дека треба да се воведат документарни филмови и да бидат барани од публиката. Сепак, Сирија е една од земјите што се спротивставува на овие нови форми на изразување и работа. Документарците имаат свој јазик што луѓето го разбираат откако ќе бидат доволно изложени на документарни филмови.

Цензура и кино уреди

Одлучноста е неопходна на полето на документарните филмови за да им се даде вистинско, храбро и слободно чувство. Хала вели дека „документарниот филм не може да биде неутрален и објективен, не смее да биде. Во спротивно, станува сличен на пропагандните филмови. Документарниот филм мора да заземе став и да го брани преку изборот на тема и посакуваниот резултат. Сето ова бара длабока посветеност; секој документарен филм мора да биде борба и авантура. Ние снимаме филм за да ја браниме слободата, но мора да го правиме тоа и во слобода.“[7]

Рамад филм уреди

Тројцата режисери, Омар Амиралеј, Мохамед Малас и Омар Мохамад формираа единство каде Хала им се придружи и почна да продуцира филмови со љубов и длабока посветеност. Рамад филм започнале пред 20 години во Либан, под името Maram CTV. Со враќањето на Омар Амиралај во Сирија, Maram CTV се пресели во Дамаск со ново име; Рамадфилм, со кој претседава Омар Амиралеј. Рамадфилм ги продуцираше сите документарни филмови на Амиралеј, како и Ноќта на Малас и Жртвите од О. Мохамад и филмовите на некои француски режисери.

Јас сум таа што ги носи цвеќињата на својот гроб уреди

Ова е еден од филмовите по кои Хала е добро позната, добитник е на наградата за најдобар документарен филм во Венеција.

Филмот е патување низ сирискиот пејзаж. Хала ја спои поезијата со правењето филм. Поезијата беше главен елемент во филмот, таа го претставува копнежот што нејзините пријатели го имаат за Сирија. Некои луѓе заминаа во егзил и никогаш повеќе нема да ја видат својата земја, од кои некои се нејзини пријатели кои живеат во Париз, но сепак им недостасува татковината. Филмот содржи интервјуа со тројца нејзини пријатели кои избрале да ја напуштат Сирија за Франција. Тоа, исто така, покажува дека политичкиот егзил завршил како внатрешен егзил во народот дури и додека тој заминувал во Франција. Поезијата е главната компонента на овој филм, таа го покажува влијанието на поезијата врз луѓето и секојдневните ситуации.

Библиографија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Roy Armes (2010). Arab Filmmakers of the Middle East: A Dictionary. Indiana University Press. стр. 169. ISBN 0253004594 – преку Google Books.
  2. „Hala Abdallah“. IMDb. Посетено на 2016-11-30.
  3. Synopsis of Omar Amiralay - Sorrow, Time and Silence Retrieved 2022-10-30.
  4. 4,0 4,1 „Hala AL-ABDALLAH France, Syrie (République arabe syrienne)“. Africultures.
  5. „I Am the One who Brings Flowers to her Grave (Ana alati tahmol azouhour ila qabriha)“. EYE. 2015-05-13. Посетено на 2016-11-30.
  6. „Homme aux semelles d'or“. Africultures.[мртва врска][мртва врска]
  7. Ollivry, Florence. „La situation du documentaire en Syrie: rencontre avec Hala Alabdalla“. www.babelmed.net (француски). Архивирано од изворникот на 2017-10-18. Посетено на 2016-12-05.