Хаен (шпанска покраина)

покраина во Шпанија

Хаен (шпански: Jaén) — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Сиудад Реал, Албасете, Гранада и Кордоба. Главен град е Хаен.

Хаен
Jaén
покраина
Покраинската управа во Хаен
Покраинската управа во Хаен
Знаме на ХаенГрб на Хаен
Хаен во рамките на Шпанија
Хаен во рамките на Шпанија
ЗемјаШпанија
Автономна заедницаАндалусија
СедиштеХаен
Управа
 • ПретседателФрансиско Рејес
Површина
 • Вкупна13.484 км2 (5,206 ми2)
Население (2023)
 • Вкупно619.938
 • Густина46/км2 (120/ми2)
Пошт. бр.23
Повик. бр.953
ISO 3166ES-J
Службен јазикшпански
Мреж. местоdipujaen.es

Покраината зафаќа површина од 13.484 км2 и во 2023 г. имала броело 619.938 жители.[1] Се состои од 97 општини. Највисока точка во покраината е Пико Махина (2.165 м).[2]

Знаменитости уреди

Важи за една од помалку познатите покраини во земјата (во споредба со туристичкиот источен брег), но има четири национални паркови и многу други заштитени подрачја. Во неа се наоѓаат ренесансните градови Убеда и Баеса, прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Покраината има највисока концентрација на тврдини на светот вон Левантот благодарение на нејзината стратешка положба за време на реконквистата.[3]

Од 1978 до 2010 г. во градот Линарес се одржувал значаен шаховски турнир на кој учествувале многу светски шахисти.

Стопанство уреди

Покраината е најголем производител на маслиново масло во светот. Таа е одговорна за 45 % од сето маслиново масло во Шпанија и 20 % од вкупното светско производство. Поради тоа се нарекува „Светска престолнина на маслиновото масло“.[4] Има преку 66 милиони маслинови дрва распределени на површина од 550.000 хектари.[5] Во покраината Хаен се произведува повеќе масиново масло отколку во цела Италија.[5] Во 2013 г. се произведени 749.387 тони.

 
Поглед на маслинарник северно од Хаен.

Население уреди

Ова е населението на покраината низ годините:

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Instituto Nacional de Estadística“ (шпански). Посетено на 19 август 2023.
  2. „Objetivo: Pico Mágina (Jaén)“. www.sendanatura.com (шпански). Посетено на 17 март 2015.
  3. Ginés Donaire (2 септември 2009). „Tierra de castillos y batallas“. El País.
  4. „An Olive Oil Cultural Center And Museum in Jaén“. Olive Oil Times (англиски). Посетено на 10 октомври 2015.
  5. 5,0 5,1 Sandro Pozzi (2 септември 2016). Elpais.com (уред.). „Spanish olive oil lights up Times Square“. www.elpais.com. Посетено на 21 јануари 2017.

Надворешни врски уреди