ХЕЦ „Шпилје“ е хидроелектрична централа, која е дел од системот хидроцентрали „Црн Дрим“. Таа се наоѓа во близината на Дебар.

Поглед на хидроелектраната Шпилје

Историја уреди

ХЕЦ „Шпилје“ започнала со работа на 4 ноември 1969 година.

Особености уреди

ХЕЦ „Шпилје“ располага со три агрегати, со установена моќност од 84 мегавати, со што, во просек, испорачува над 290 милиони киловат-часови електрична енергија годишно. Во 2013 година, ХЕЦ „Шпилје“ остварила производство од 241 милион киловат-часови енергија. Во одделни години, централата остварувала производство од 330 до 350 милиони киловат-часови електрична енергија, годишно, а најголемото количество енергија било остварено во 2011 година, кога биле произведени околу 560 милиони киловат-часови. Во првите 45 години од постоењето, централата произвела вкупно 12.254.348 мегават-часови електрична енергија.[1]

Наводи уреди

  1. „Четири и пол децении работа на ХЕЦ Шпилје“, Дневник, година XVIII, број 5613, понеделник, 10 ноември 2014, стр. 8.