Футуна (бислама: Futuna) е остров во покраината Тафеа во Вануату. Футуна е најисточниот остров во државата.[1]

Футуна
Географија
МестоТихи Океан
Координати19°32′S 170°13′E / 19.533° ЈГШ; 170.217° ИГД / -19.533; 170.217
АрхипелагВануату
Површина11 км2
Највисоко издигнување666 м
Највисока точкаТатафу
Управување
ПокраинаТафеа
Најголема населбаИмунга
Демографија
Население613 (2016)
Етнички групиВануаќани

Географија уреди

Островот е всушност издигнато копно од подводен вулкан. Последен пат вулканот еруптирал пред 11.000 години. Достигнал висина до 666 метри. Овој остров понекогаш се нарекува Западна Футуна за да се разликува од островот Футуна во Валис и Футуна. Островот е дел од географската област Полинезија.

Население уреди

Островот има население од 535 жители според пописот од 2009 година.[2] На островот моментално има 5 села:

  • Иасоа
  • Ипао
  • Матанги
  • Ихсија
  • Имунга

Сообраќај уреди

На островот има мал аеродром, Аеродром Футуна. Од аеродромот има по 2 лета седмично. Има и мало пристаниште, Хералд Беј.

Образование уреди

На островот има училиште во селото Ихсија. Поранешното име на училиштето било Ихсија Средно Учулиште, денес се вика Едвард Нипаке Меморијално Училиште.[3] Во училиштето се одвива и основно и средно образование.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „UNEP Islands Directory“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 2020-04-22.
  2. 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu
  3. „Vanuatu Daily Post: Ishia changes to Natapei school“. Vanuatu Daily Post. 2 August 2015.

Надворешни врски уреди