Фреди Перлман (англиски: Fredy Perlman, 20 август 1934 - 26 јули 1985) бил чехословачки теоретичар, писател, издавач, музичар, активист и еден од најзначајните модерни критичари на цивилизацијата и капитализмот.

Грабеж, драма на Фреди Перлман
Грабеж, драма на Фреди Перлман

Животопис уреди

Фреди Перлман успева да побегне од Чехословачка како мало дете токму пред нацистите да ја освојат земјата. Од 1938 до 1945 со неговото семејство живее во Боливија после што се преселува во САД. Од 1956-59 го посетува Универзитетот Колумбија каде што започнува како студент по Англиска книжевност, но потоа се пренасочува на филозофија, политичка наука и Европска книжевност. Од 1963 до 1966 Перлман студира во Белград на Економскиот факултет каде што го брани својот магистерски труд, откако неговото барање за студирање во Чехословачка било одбиено под образложение дека е сомнително. Докторира на Правниот факултет во Белград со дисертацијата „Услови за развој на неразвиените региони“.[1]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди