Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки

Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки (германски: Franz Ludwig von Pfalz-Neuburg; 18 јули 1664 - 6 април 1732) — германски епископ и архиепископ на неколку епархии и Голем мајстор на Тевтонскиот ред. Роден е во Нојбург на Дунав син на Филип Вилхелм, изборен кнез на Пфалц и Елизабета Амалија Хесенско-Дармштатска.

Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки
Архиепископ на Мајнц
Изворно имеFranz Ludwig von Pfalz-Neuburg
ЦркваКатоличка
ЕпархијаИзборно Кнежевство Мајнц
На служба1729–1732
Лични податоци
Роден18 јули 1664
Починал6 април 1732

Во 1683 г. станал архиепископ на Вроцлав по смртта на брат му, Волфганг Георг, кој требал да ја имаа оваа функција.

Во 1694 добил и други функции како Голем мајстор на Тевтонскиот ред и епископ на Вормс. Во 1716 станал архиепископ на Трир. Во Трир ги реорганизирал подрачјата на црковна надлежност и помогнал со обновата на римскиот мост и трирската катедрала. Во 1729 станал и архиепископ на Мајнц, а со тоа се откажал од службувањето во Трир бидејќи папата забранил да се спојуваат архиепископии. Во Мајнц, Франц Лудвиг започнал управни и правосудни реформи, како и изградбата на Тевтонското заповедништво (Deutschhaus).

Починал во Вроцлав (Бреслау) и закопан е во наменски изградена капела во Вроцлавската катедрала.

Грбови уреди

Надворешни врски уреди

Оваа статија содржи информации од преработка од 7 септември 2006 од истоветната статија на Википедија на германски.