Фототранзистортранзистор чија колекторска струја се менува под влијание на светлината која паѓа на него.[1] Заради таа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор) и засилувач. Битна особина на фототранзисторот е дека тој, за разлика од фотодиодата, освен детекција врши улога и на засилувач.

Фототранзистор со метално куќиште

Фототранзисторот се изработува од полуспроводнички материјал како и обичниот биполарен транзистор. Базата на фототранзисторот е отворена за влез на светлината. Ако фотоните од светлината кои паѓаат се со доволно висока честота (доволна енергија) ќе створат струја на базата, која засилена станува значителна струја на колекторот. Со оглед дека базата е всушност детектор, фототранзисторите најчесто немаат посебен базен извод туку имаат само колектор и емитер.

Примена уреди

Заради брзата реакција на нивото на светлина, фототранзисторите се користат за поголемиот број на примени во оптоелектрониката. Постојат многу видови кои се осетливи на инфрацрвениот дел од спектарот. Пример за нивна употреба се оптичките изолациони парови (оптокаплери), сетилници на позиции (енкодери), бројачаи на производи на фабричка лента и др.

Материјал уреди

Како и за обичниот биполарен транзистор, и за фототранзисторот како материјал за изработка се користи силициумот (Si).

Постојат НПН и ПНП видови.

Симбол уреди

Симболот на фототранзисторот е прикажан на сликата.

 
Симбол на фототранзистор

Предности и мани уреди

Предности се ниската цена и брзата работа (во однос на фотоотпорникот). Маана е нешто побавното време на реакција од фотодиодата.

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди