Флегија (грчки јазик|Phlegyas) (латински јазик|Phlegyas}}) е син на богот на војната Арес и орхоменската принцеза Хриса, крал на Лапитите.[1]

Флегија
Ѓовани Страдано, 1587.

Митологија уреди

Флегија владеел со краеви кои некогаш припаѓале на Етеокле, пред да загине во војната на седморицата против Теба, а ги наследил неговиот дедо Алмо.

Флегија го имал синот Иксион, кој бил татко на кентаурите и ќерка Коронида, која станала мајка на Асклепије.

Кога богот Аполон му ја завел ќерката, Флегија го запалил неговиот храм во Орхоман. Налутен поради тоа, Аполон го убил Флегија со стрела, а поради тоа богот Зевс го казнил со вечна казна во подземниот свет. Каква била казната не е познато, дури ни Пиндар, кој прв го опишал Флегија за таа казна не изнесува никакви детали.

Некои автори Флегија не го сметале за крал на Лапита, туку неговите поданици ги нарекувале Флегијевци, а под тоа име ги сретнуваме и кај Хомер. Паусиније ги опишува како разбојници кои Зевс ги истребил со помош на молњи, громови и земјотреси. Преживеаните настрадале од чума која на нив ја испратил богот Аполон.

Наводи уреди

  1. Замаровски 1985, стр. 108.

Литература уреди

  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.

Надворешни врски уреди