Финале на Купот на европските шампиони во 1960 година

Финалето на Купот на европските шампиони во 1960 година било петто финале во историјата на Купот на европските шампиони. Во него, за победа се бореле Реал Мадрид од Шпанија и Ајнтрахт Франкфурт од Германија. Надалеку се смета дека токму овој натпревар бил еден од најголемите фудбалски натпревари играни досега. Мадрид победи со 7–3 пред огромната публика од над 127,000 луѓе во Хампден Парк во Глазгов, и таа бројка од луѓе сè уште не е надмината. Имало околу 70 милиони телевизиски гледачи низ цела Европа.

Финале на Купот на европските шампиони во 1960 година
ПрвенствоКуп на шампиони 1959/60
Датум18 мај 1960
СтадионХампден Парк, Глазгов
СудијаЏек Моват (Шкотска)
Гледачи127,621
1959
1961

Франкфурт стигал до финалето преку победа со импресивниот резултат од 12–4 против шкотскиот шампион Ренџерс, додека пак Реал Мадрид го победил својот вечен соперник Барселона со резултат 6–2.

Натпреварот првично бил доведен до сомнеж бидејќи Фудбалски сојуз на Германија ги забрани на своите клубови да учествуваат на натпревари со кој било тим во кој е Ференц Пушкаш, откако Унгарците тврделе дека Западногерманскиот тим користел дрога во 1954. Пушкаш морал да напише писмено изведување пред одржување на натпреварот.

Пушкаш и Ди Стефано биле двајцата од само тројца играчи кои постигнале хет-трик во финалето на Купот на европските шампиони или Лигата на шампиони (Пушкаш бил единствен кој постигнал 4 гола), а другиот бил Пјерино Прати од ФК Милан кој го направил на финалето на Купот на европски шампиони во 1969 година против ФК Ајакс. Пушкаш направил уште еден хет-тик на финалето на Купот не европски шампиони во 1962 година.

Патот до финалето уреди

  Реал Мадрид Рунда   Ајнтрахт Франкфурт
Противник Вкупен резултат Прв натпревар Втор натпревар Противник Вкупен резултат Прв натпревар Втор натпревар
  Женес Еш 12–2 7–0 (Д) 5–2 (Г) Прва рунда   Јанг Бојс 5–2 4–1 (Г) 1–1 (Д)
  Ница 6–3 2–3 (Г) 4–0 (Д) Четвртфинале   Винер Шпорт-Клуб 3–2 2–1 (Д) 1–1 (Г)
  Барселона 6–2 3–1 (Д) 3–1 (Г) Полуфинале   Ренџерс 12–4 6–1 (Д) 6–3 (Г)

Натпревар уреди

Детали уреди

18 мај 1960
19:30 UTC+01:00
Реал Мадрид   7–3   Ајнтрахт Франкфурт Хампден Парк, Глазгов
Гледачи: 127,621
Судија: Џек Моват (Шкотска)
Ди Стефано   27'30'73'
Пушкаш   45+1'56' (пен..)60'71'
Крес   18'
Штајн   72'75'
 
 
 
 
Реал Мадрид
 
 
 
 
 
Ајнтрахт Франкфурт
GK 1   Рохелио Домингес
RB 2   Маркос
LB 3   Пачин
RH 4   Хосе Марија Видал
CB 5     Хосе СантаМарија
LH 6   Хосе Марија Сарага (к)
OR 7   Канарио
IR 8   Луис дел Сол
CF 9     Алфредо Ди Стефано
IL 10   Ференц Пушкаш
OL 11   Франциско Хенто
Тренер:
  Мигел Муњос
 
GK 1   Егон Лој
RB 2   Фридел Луц
LB 3   Херман Хофер
RH 4   Ханс Вајлбехер (к)
CB 5   Ханс-Валтер Ајгенброт
LH 6   Дитер Штинка
OR 7   Ричард Крес
IR 8   Дитер Линдер
CF 9   Ервин Штајн
IL 10   Алфред Пфаф
OL 11   Ерих Мајер
Тренер:
  Паул Освалд

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

  • Куп на шампиони 1959/60 од УЕФА
  • Куп на шампиони 1959/60 од РСССФ
  • „European Champion Clubs' Cup – History“ (PDF). UEFA. стр. 165. Посетено на 26 мај 2011.

Наводи уреди