Финале на Копа дел Реј 1980

Финалето на Копа дел Реј 1980 година било 76-то финале по ред во Копа дел Реј и се одиграло на 4 јуни 1980. Ова финале било конкретно по тоа што за првпат во историјата тогаш, а подоцна никогаш не се повторило, играле главната и Б екипата. Тоа било финале меѓу мадридските екипи, Реал Мадрид и "младиот брат" Реал Мадрид Кастиља. Реал до финалето стигнал со победи над Логронес и Бетис, а во полуфиналето бил совладан градскиот соперник Атлетико Мадрид. Кастиља во финалето се пласирала со победи над Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и во полуфиналето против Спортинг Хихон. Реал Мадрид победил со резултат 6-1, а првиот и последниот гол во натпреварот ги постигнал напаѓачот на Реал, Хуанито. Кога натпреварот завршил, играчите на Кастиља и Реал заедно го подигнале пехарот.

Финале на Копа дел Реј 1980
Датум4 јуни 1980
СтадионСантјаго Бернабеу, Мадрид, Шпанија
СудијаАнхел Франко Мартинес
Гледачи65,000
1979
1981

Детаљи од натпреварот уреди

4 јуни 1980
20:30 ЦЕВ
Реал Мадрид 6 – 1 Кастиља Сантјаго Бернабеу, Мадрид
Гледачи: 65,000
Судија: Анхел Франко Мартинес
Хуанито   20'89'
Сантиљана   42'
Сабидо   59'
Дел Боске   62'
Гарсија Ернандес   82'
Report (шпански) Алварез   80'
 
 
 
 
Реал Мадрид
 
 
 
 
Реал Мадрид Кастиља
Реал Мадрид:
GK 1   Гарсија Ремон
DF 2   Сабидо
DF 3   Бенито
DF 4   Пири (к)
DF 5   Камачо
MF 6   Анхел
MF 7   Дел Боске
MF 8   Штилике   63'
FW 9   Хуанито
FW 10   Сантиљана
FW 11   Канингем   82'
Замени:
MF   Гарсија Ернандес   63'
FW   Роберто Мартинес   82'
Тренер:
  Вујадин Бошков
РМ Кастиља:
GK 1   Агустин
DF 2   Хуанито
DF 3   Ереро
DF 4   Кастањеда (к)
DF 5   Касимиро
MF 6   Алварез
MF 7   Кано
MF 8   Галего
FW 9   Пинеда
FW 10   Пако   46'
FW 11   Сидон   73'
Замени:
MF   Санчес Лоренцо   46'
FW   Балин   73'
Тренер:
  Хуанхо Гарсија Сантос

Надворешни врски уреди