Филота Фила (Битола, 1914 - Белград, 1983) — македонски и српски адвокат со влашкопотекло.

Филота Фила
Роден 1914
Битола
Починал 1983
Белград
Националност Влав
Занимање адвокат
Сопружник Ела Сапунџиќ
Татко Тома Фила
Мајка Атина Ана Псарику
Деца Тома Фила (син)

Животопис уреди

Филота Фила е роден во 1914 година во влашко семејство во Битола. Неговиот татко Тома водел кујунџиска работилница заедно со неговиот брат. Мајка му, Атина Ана Псарику потекнувала од богато битолско семејство.[1] Имале четири деца: Антигона, Фаница, Коста и Филота.

Филота завршил грчко основно училиште и српско средно училиште. Се запишал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, бидејќи тој бил единствениот факултет на кој студиите биле бесплатни, што било значајно бидејќи млад останал без татко и стабилни примања. За време на студиите се запознал со Милован Ѓилас и Лазар Колишевски, идни високи функционери на Комунистичката партија на Југославија, од кои ги усвоил комунистичките идеи. Дипломирал во 1937 година, а во 1939 година положил правосуден испит.

Работел во адвокатската канцеларија Поповиќ сместена во хотелот „Москва“. Се оженил со Ела, ќерка на белградскиот трговец Никола Сапунџиќ, во 1940 година. Потоа работел како судски приправник во Ресен, Дебар и родната Битола, каде што на 29 јули 1941 година му се родил син, кој го крстиле Тома, по неговиот дедо.[2] На почетокот на Втората светска војна бил протеран од Битола од бугарските окупаторски власти.

Станал судски приправник во Умка, а подоцна и адвокатски приправник кај адвокатот Здравко Исаиловиќ од Белград. Семејството го преселил во Неготин, а на крајот на првата година од војната се поврзал со партизански илегалци во Белград. Бил уапсен во 1943 година и бил испрашуван во палатата Ратнички дом, каде што се наоѓал затворот на Гестапо. Претходно бил уапсен партизански курир со наредба Фила да се префрли во Космајскиот партизански одред , што довело до негово апсење. Наскоро бил префрлен во Бањичкиот логор, а потоа пренесен во концентрациониот логор Маутхаузен-Гусен.[3] По ослободувањето, заедно со другите затвореници заминал пешки во Виена. Таму било утврдено дека боледува од туберкулоза и дека има само 40 килограми.

Кога се вратил во Југославија, неговиот пријател од студиите Лазар Колишевски, премиерот на НР Македонија, го назначил за началник на полицијата за Јужна Македонија. Набргу ја напуштил таа функција и отворил адвокатска канцеларија во Битола во септември 1945 година. Ја бранел својата тетка Олимпија, која се обидела илегално да пребега во Грција, и на тоа судење изјавил дека: „не може неписмени луѓе да ја водат земјата“. Неговата тетка била стрелана, а Филота бил осуден на затвор и губење на политичките и граѓанските права во 1946 година.[4] Накратко во текот на 1947 година бил претседател на Арбитражниот суд во Битола.[2]

По отслужувањето на казната, со семејството се преселил во Белград. Отворил адвокатска канцеларија во Гроцка, која во тоа време имала и суд. Станал еден од најпознатите адвокати во Југославија, а набрзо со него почнал да работи и неговиот син Тома Фила.

Филота бил голем противник на смртната казна. Ја напишал книгата „Ги бранев оние што беа осудени на смрт“ во 1970 година, како и книгата „Вистината за Шефка“, која се занимава со Шефка Хоџиќ од Јусиќи кај Зворник, неговиот најпознат клиент. Ја објавил својата најпозната книга „Против смртната казна“ во 1980 година, на свој трошок.

Починал во 1983 година во Белград.

Дела уреди

  • Ги бранев осудените на смрт, Просвета, Белград, 1970 г.
  • Вистината за Шефка, Графика-прес, Белград.
  • Против смртната казна, Белград 1980 г.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Фила, Тома (2017.). Завршна реч (Друго. изд.). Београд: Вукотић медиа. стр. 15–16. ISBN 978-86-89613-64-3. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. 2,0 2,1 „Филота Фила 1914-1983“. Архивирано од изворникот на 2022-10-12. Посетено на 1. септембар 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Биографија Филоте Филе“.
  4. Фила, Тома (2017). Завршна реч (Друго. изд.). Београд: Вукотић медиа. стр. 27. ISBN 978-86-89613-64-3.