Филип Ѓорѓевиќ (роден на 28 септември 1987 година) е српски фудбалер кој игра на позицијата како напаѓач.

Ѓорѓевиќ за Србија одиграл 14 натпревари и постигнал 4 гола во периодот од 2012 до 2014 година.

Клупска кариера уреди

Почетна кариера уреди

Филип Ѓорѓевиќ ја започнал својата кариера во неговиот роден град во клубот Црвена ѕвезда од Белград, каде што поминал осум години. Одредено време минал и во тимот на Рад како позајмен играч. За Црвена ѕвезда настапил само на осум првенствени натпревари пред да се пресели во Франција.

Нант уреди

Откако бил позајмен од Лига 2 за тимот на Нант и им помогнал да се квалификуваат во Лига 1 по сезоната 2007-08, клубот на Нант се согласил да го потпише трајно четиригодишниот договор.[1] Во враќањето на клубот во Лига 1, Ѓорѓевиќ настапил на 19 првенствени натпревари и постигнал вкупно два гола. Тоа се случило во сезоната 2008-09, кога и екипата на Нант повторно заминала да се натпреварува во Лига 2. Во следната сезона 2009-2010, тој има речиси идентична статистика како претходната сезона. Клубот на Нант останал да се натпреварува во Лига 2. Конечно, Ѓорѓевиќ развил поголема конзистентност во сезоната 2010-11 и настапил на 36 лигашки натпревари, притоа постигнувајќи вкупно 12 гола и асистирајќи во пет наврати. Во сезоната 2011–12 со клубот на Нант, кој сѐ уште бил во Лига 2, Ѓорѓевиќ одиграл 28 првенствени натпревари, постигнал шест гола и асистирал пет пати.

Од сезоната 2012-13, Ѓорѓевиќ експлодирал во својата форма и директно придонел за промоција во првата лига на екипата на Нант на крајот од сезоната. На 34 првенствени натпревари, тој постигнал 20 гола и бил најдобар стрелец во Лига 2 на крајот од сезоната. На 16 август 2013 година, екипата на Лион понудила помеѓу 3-5 милиони евра за услугите на Ѓорѓевиќ, иако тој и Нант го одбиле трансферот. По враќањето на клубот во Лига 1, Ѓорѓевиќ постигнал седум гола во првите 12 натпревари, конкурирајќи им на Радамел Фалкао и Златан Ибрахимовиќ за првото место на листата на најдобри стрелци во Лигата.

Лацио уреди

На 19 март 2014 година, Ѓорѓевиќ објавил дека ќе замине од Нант во италијанската Серија А во тимот наЛацио од Рим.[2] Тој потпишал преддоговор со екипата на Лацио откако влегол во последните шест месеци од договорот со екипата на Нант. На Лацио му се приклучил на 1 јули 2014 година.[3] Првите голови на Ѓорѓевиќ за Лацио биле постигнати на 29 септември 2014 година, постигнувајќи хет-трик кога неговиот клуб го поразил тимот на Палермо со 4:0. Во тој момент Лацио се наоѓал во горниот дел од табелата во Серија А.[4] Тој повторно постигнал гол во следниот натпревар на клубот, и тоа шутирајќи со глава по нафлената топка на Антонио Кандрева во 25та минута. На овој натпревар екипата на Лацио победила со резултат од 3:2 на домашен терен над клубот на Сасуоло.[5]

Киево уреди

На 13 јуни 2018 година, составот на Киево официјално потврдило дека ќе потпише со Ѓорѓевиќ кога неговиот договор ќе истече со клубот на Лацио на 30 јуни.[6] Договорот што го потпишал Србинот ќе трае три години со можност за продолжување за една година.

Репрезентација уреди

Ѓорѓевиќ бил повикан во државната репрезентација на Србија на 24 ноември 2007 година на квалификацискиот натпревар од групата А за ЕВРО 2008 на домашен терен против репрезентацијата на Казахстан. На тој натпревар не се појавил во игра.[7] Пет години по неговиот прв повик, на 14 ноември 2012 година селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ го избрал за егзибицискиот натпревар против репрезентацијата на Чиле. Тој постигнал гол две минути по влегувањето на теренот како замена.[8] По квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2014 година против репрезентацијата на Македонија на 15 октомври 2013 година, излегла слика на целосно голиот Ѓорѓевиќ, придружуван од соиграчите Ненад Томовиќ и Александар Коларов. Оваа фотографија наводно ја направил еден гледач кој случајно влегол во соблекувалната.[9]

Статистика во кариерата уреди

Клупска статистика уреди

Обновено на 13 мај 2021[10]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Црвена ѕвезда од Белград 2005–06 1 0 0 0 0 0 1 0
2007–08 7 0 1 0 6 0 14 0
Вкупно 8 0 1 0 6 0 15 0
Рад (како позајмен играч) 2006–07 35 16 35 16
Нант 2007–08 18 7 1 0 0 0 19 7
2008–09 19 2 0 0 1 0 20 2
2009–10 19 2 1 0 0 0 20 2
2010–11 36 12 4 4 1 0 41 16
2011–12 28 6 2 1 1 0 31 7
2012–13 34 20 3 3 1 0 38 23
2013–14 27 10 0 0 2 2 29 12
Вкупно 181 59 11 8 6 2 198 69
Лацио 2014–15 24 8 3 1 27 9
2015–16 27 3 1 0 3 3 1 0 32 6
2016–17 17 0 1 1 18 1
Вкупно 68 11 5 2 3 3 1 0 77 16
Киево 2018–19 13 1 1 0 14 1
2019–20 33 10 1 0 34 10
2020–21 27 4 0 0 27 4
Вкупно 73 15 2 0 0 0 0 0 75 15
Вкупно во кариерата 365 101 19 10 9 3 7 2 400 116

Меѓународна статистика уреди

Србија
Година Натпревари Голови
2012 година 1 1
2013 година 7 2
2014 година 6 1
Вкупно 14 4

Меѓународни голови уреди

Резултатите 1 (во првата колона) ги прикажува головите на екипата на Србија, а резултатите 2 (во втората колона) ги прикажува головите на играчот за репрезентацијата на Србија.
# Датум Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1. 14 ноември 2012 година АФГ Арена, Сент Гален   Чиле 2–0 3–1 Пријателски
2. 10 септември 2013 година Градски стадион Кардиф, Кардиф   Велс 1–0 3–0 Квалификации за Светското првенство во ФИФА 2014 година
3. 15 ноември 2013 година Стадион Забел, Дубаи   Русија 1–1 1–1 Пријателски
4. 5 март 2014 година Стадион Авива, Даблин   Ирска 2–1 2–1 Пријателски

Признанија уреди

Црвена ѕвезда Белград
  • Освоена е Првата лига на Србија и Црна Гора: 2005–06[11]
  • Освоен е Купот на Србија и Црна Гора: 2005–06[11]
Рад
  • Најдобар стрелец во Српската Прва лига: 2006-07
Нант
  • Член во Тимот на деценијата во Нант: 2010-2019[12]
  • Купе де ла Лига: 2013-14 - Полуфиналист[13]
  • Најбрзиот гол во Лига 1 - 2013-14
  • Промоција во Лига 1: 2007–08, 2012–13[11]
Лацио
Србија

Наводи уреди

  1. Nantes : Djordjevic signe quatre ans Архивирано на {{{2}}}.
  2. „Djordjevic signs with Lazio“. L'Equipe (француски). 19 March 2014. Посетено на 29 September 2014.
  3. „Serie A: Djordjevic set to join Lazio“. Sky Sports. 20 March 2014. Посетено на 29 September 2014.
  4. „Filip Djordjevic hits hat trick as Lazio crush Palermo“. ESPNFC. 29 September 2014. Посетено на 29 September 2014.
  5. „Serie A: Successive wins for Lazio after 3–2 victory over Sussuolo“. Sky Sports. 5 October 2014. Посетено на 5 October 2014.
  6. „UFFICIALE: FILIP DJORDJEVIC È GIALLOBLÙ!“ (италијански). A.C. ChievoVerona. 13 June 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 14 June 2018.
  7. „Clemente names 10 debutants for Serbia's final qualifier“. Reuters.com. 22 November 2007. Архивирано од изворникот на 19 December 2007. Посетено на 22 November 2007.
  8. Novosti (Serbian) Đorđević: Imao sam debi za pamćenje. Retrieved 14 November 2012.
  9. „DRSKO: Navijači upali u svlačionicu i slikali gole srpske fudbalere!“. Kurir (српски). 2013-10-18. Посетено на 2021-08-29.
  10. „Filip Djordjevic“. Soccerway. Посетено на 5 January 2015.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Serbia – F. Đorđević“. Soccerway. Посетено на 29 September 2014.
  12. https://www.fcnantes.com/articles/article2809.php?num=34734. Отсутно или празно |title= (help)
  13. „Calendrier et résultats Coupe de la Ligue 2013-2014 : phase finale“ (француски).

Надворешни врски уреди