Физичко лице станува секое лице од моментот на раѓањето па сè до смртта. За да постои физичко лице како субјект на правото суштеството мора да исполнува два предуслови да е живородено и да има човечки облик. Физичкото лице е секое суштество на кое правото му признава правни задолженија и правни овластувања.

Правната способност на физичкото лице уреди

Правната способност е единствена и неделива значи таа не може да се намалува или пак ограничува. Во современиот свет, правната способност не е ограничена ниту од полот, расната, верската или која било друга припадност.Да се намалува може деловната способност на физичкото лице, но не и правната. Правната способност е способноста на физичкото лице како субјект на правото, да биде носител на правни овластувања.

Деловната способност на физичкото лице уреди

Деловната способност е способноста на физичкото лице како субјект на правото да може самостојно со свои дејствија да учествува во правниот сообраќај, да создава или укинува правни односи.

Поврзано уреди

Правно лице