Фер-Ланд (германски: Föhr-Land) — поранешна општинска заедница во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓала на островот Фер (освен слободниот град Вик на Фер), во Северното Море, околу 45 километри северозападно од Хузум. Нејзиното седиште било во Мидлум до 1 август 2006 година, кога било преместено во Вик на Фер. Во јануари 2007 година, општинската заедница Фер-Ланд била споена со слободниот град Вик на Фер и општинската заедница Амрум, со кои ја создале општинската заедница Фер-Амрум.

Местоположбата на поранешната општинска заедница Фер-Ланд во рамките на округот Северна Фризија

До 1 јануари 2007 година, општинската заедница Фер-Ланд се состоела од следниве општини:

  1. Алкерзум
  2. Боргзум
  3. Дунзум
  4. Мидлум
  5. Ниблум
  6. Ефенум
  7. Олдзум
  8. Зидеренде
  9. Утерзум
  10. Витзум
  11. Вриксум