ФК Херенфен

фудбалски клуб од херенфен, Холандија

ФК Херенфен или Спортски клуб (СК) Херенфен е холандски професионален фудбалски клуб и во моментов се натпреварува во Ередивизи, највисокото ниво во холандскиот фудбал. Базата на клубот е во градот Херенфен, Фризија.

Холандија Херенфен
Целосно имеСпорт Клуб Херенфен
Основан1920
СтадионАбе Ленстра
Херенфен, Холандија
(Капацитет: 26,800)
СопственикХоландија Гастон Споре
ТренерХоландија Двајт Лодевегес
ЛигаЕредивизи
2021/228-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1920 година. Херенфен досега нема ниту една титула првак на Холандија, но во сезоната 1999-2000 го освоил второто место зад шампионот ПСВ Ајндховен и настапувал во Лигата на шампионите следната сезона. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на Купот на Холандија во сезоната 2008-09, кога Фризијскиот клуб бил подобар од Твенте на пенали. Интересно е тоа што во тоа финале, првиот гол на натпреварот го постигнал поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов, доведувајќи го Херенфен во водство во 27-мата минута.

Боите и амблемот на Херенфен го претставуваат симболот на Фризија, покраината од која доаѓа клубот. Својте домашни натпревари Херенфен ги игра на Стадионот Абе Ленстра кој има капацитет од 26,800 седечки места.

Историја уреди

СК Херенфен е основан на 20 јули 1920 година во градот Херенфен, Фризија како Атлета.[1] Тие го промениле своето име двапати, прво во Спартан, а потоа во ВВ Херенфен во 1922 година.[1] Додека Холандија е окупирана од Германија Херенфен освоил три последователни првенства на Северна Холандија, а по завршувањето на Втората светска војна го освоиле истиот наслов шест пати по ред; доминација на клубот делумно се припишува на присуството на Абе Ленстра.[1] Во овој период Ленстра го водел Херенфен до познатата победа над Ајакс во една од најпознатите и најзпомнетите натпревари во историјата на холандскиот фудбал.[2] Херенфен губел со 1-5 на 25 минути до крајот, но фризискиот тим необјасниво го свртел натпреварот и дошол до победа со 6-5.[2]

Соперништва уреди

Најголеми соперници на Херенфен се Камбур од Леуварден и ФК Гронинген од градот Гронинген.

Титули уреди

Моментален состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Ервин Мулдер
2   ОД Кени Отигба
5   ОД Пеле ван Анхолт
6   ОД Стефано Марцо
8   СР Мортен Торсби
9   НП Томас Далгард
10   СР Симон Терн
11   НП Сам Ларсон
12   ОД Доке Шмидт
14   ОД Јост ван Анкен
15   СР Мартен де Рун (капитен)
16   СР Дели Синкгравен
17   НП Лучано Слагвер
18   ОД Јенс Јурн Струткер
19   НП Марк Ут
Бр. Позиција Играч
20   ОД Јука Раитала
21   СР Џои ван ден Берг
22   ОД Стивен Вармолтс
23   ОД Јорди Буијс
24   СР Шаблокс Варга
25   ОД Вилем Хуизинг
26   СР Јанио Бикел
27   СР Михаел Чакон
28   НП Паскал Хусер
30   ГМ Робин Кист
31   ГМ Виктор Норинг
32   ОД Јорис Вест
33   ГМ Мартен де Фокерт
40   НП Пеле ван Амерсфурт

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „The history of Heerenveen“. www.sc-heerenveen.nl. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 2008-12-01.
  2. 2,0 2,1 „sc Heerenveen: EVERY DUTCHMAN'S SECOND FAVORITE TEAM“. www.ajax-usa.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-12. Посетено на 2008-12-01.