ФК Слога Југомагнат

Не го поистоветувајте со клубот Шкупи.

ФК Слога Југомагнат е распаднат македонски фудбалски клуб од Скопје, оформен во 1927 година. Клубот е повеќекратен шампион на Првата македонска лига и Купот на Македонија. Клубот се распадна во 2009 година, за време на сезоната 2009-10. Потоа, во летото 2012 година, управата на клубот реши да се спојат со ФК Албарса и така да се создаде нов клуб Шкупи.

ФК Слога Југомагнат
Амблемот на ФК Слога Југомагнат
Целосно име Ф.К. Слога Југомагнат Скопје
Основан 1927; пред 97 години (1927)
Распаднат 2009
Стадион Чаир
Капацитет 4500
Претседател Рафет Муминовиќ
Тренер Назми Ајдини
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

Историја уреди

Клубот е оформен 1927 година под името „Зафер“, и тоа име го носел сè до 1947 година кога бил преименуван во Слога. По независноста на Македонија и формирањето на 1 МФЛ, клубот станал нејзин член и таму се натпреварувал сè до сезоната 2004/2005 кога го зазел претпоследното место и испаднал од лигата. Своите натпревари клубот ги играл на стадионот Чаир, кој има капацитет од 4500 гледачи, а го делел и со ФК Балкан и ФК Единство. Клупскиот прекар е „Чаирски гулаби“ кој траел сè до 1989, а сè до распадот клупскиот прекар им беше „Шверцерат“ како и навивачите „Шверцери“ кои сега навиваат за новооформениот клуб Шкупи.