ФК Ново Лески или се сретнува и под името ФК Лески — фудбалски клуб од селото Ново Лески, Пиринска Македонија, во кои членувале и фудбалери македонци.

ФК Ново Лески
Целосно име ФК Ново Лески
Основан 1972 година
Распаднат 2018 година
Стадион Лески
Капацитет ?
Лига Б група - Благоевград
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

Историја на клубот уреди

 
ФК (Ново) Лески - Пиринска Македонија во нивните почетоци

Фудбалската екипа на село Ново Лески е основана во 1972 година. Се започнало со нивно учество на турнир во селото Копривлен, на кој учествувале екипи од селата Садово, Парил и Лески. Момците од Лески на овој турнир настапиле без фудбалска опрема. Сите настапиле со обични обукви од стариот тим на Копривлен. Покрај ова тие се претставиле одлично, завршувајќи нерешено 1-1 со Парил и 3-1 со Садово. Со освоениот бод против Парил добиле можност играчите да ја продолжат борбата и да играат во локалната „Б“ обласна група.[1][2]

Пласман во групата Б уреди

 
ФК Ново Лески - сезона 2017

За таа цел требале да одиграат уште 3 натпревари со екипите од селата Баничан, Места и Слаштен. Право на влез во „Б“ групата добивале само екипите кои ќе ги освојат првите 2 места. Првиот натпревар се одиграл на стадионот на село Мосомиште против екипата на Баничан. Првото полувреме завршило со резултат 1-0 за Баничан, но со подобра игра и головите на Атанас Родев, Јордан Боргилов и Сашо Шербетов во вториот дел, натпреварот завршил 3-1 во корист на Лески. Вториот натпревар бил одигран со екипата на село Места, на стадионот во селото Борово. Повторно како и на мечот со Баничан, тимот на Лески губел со 1-0, но во самиот финиш на натпреварот Стефан Терзиев со глава упатил центаршут и постигнал гол. Така овој натпревар завршил 1-1 и останал само уште еден натпревар со екипата од селото Слаштен за влез во „Б“ групата. Натпреварот се одиграл на стадионот во селото Блатска. Фудбалерите на Лески биле подобриот тим на теренот и веќе во 5. минута воделе со резултат 2-0 со головите на Јордан Боргилов и Георги Попов. Екипата на Слаштен дури во финишот на мечот успеале да го намалат резултатот на 2-1 со што завршил натпреварот. Така, со вкупно 3 победи и 2 нерешени од 5 натпревари, скромниот тим од село Ново Лески се стекнал со право на настап во групата „Б“ од зоната „Места“ заедно со екипата на Слаштен.[1][2]

Најдобар поединец уреди

Според многумина во селото, една од најголемите фудбалски фигури во тоа време бил Атанас Шербетов-Шери, кој бил и капитен на екипата. Неколку години подоцна, за време на еден натпревар, го удрило гром и починал. По оваа немила случка луѓето од Лески во негова чест организираат турнир или егзибициски натпревар придружен со положување цвеќе и венци на неговиот гроб. Покрај сето ова, тимот продолжил да се натпреварува во локалната група. Со текот на годините, многу од оригиналните играчи се откажале, но нови и помлади го завземале нивното место.[1][2]

Во 1995 година, клубовите Лески и Мосомиште се обединија и играа како еден тим. Нивното заедничко учество траело само 2 сезони до 1997 година, по што се разделиле и оттогаш фудбалот во село Ново Лески е прекинат, се до есента 2008 година, кога фудбалот повторно заживеал.[1][2]

Достигнувања на клубот уреди

ФК Ново Лески ги постигнал следните резултати:[3]

Сезона 2008/2009 - 9 место во група исток

Сезона 2009/2010 - 1 место во обласната група „Б“

Сезона 2010/2011 - 4 место во есенскиот дел[4]

Сезона 2011/2012 - непознато

Сезона 2012/2013 - 6 место во обласната група „А“

Сезона 2013/2014 - 7 место во обласната група „А“

Сезона 2014/2015 - 2 место во обласната група „А“

Сезона 2015/2016 - 6 место во обласната група „А“

Сезона 2016/2017 - 7 место во обласната група „Б“

Сезона 2017/2018 - 7 место во обласната група „Б“, но се откажале од понатамошно натпреварување.[5]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Иванов, Мартин (2016-02-05). „Футболният отбор на Ново Лески – история и традиции“. ТопПреса (бугарски). Посетено на 2023-02-27.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Историјат на клубот Ново Лески“ (бугарски). 2009-09-05. Посетено на 2023-02-27.
  3. ЕООД, Български футбол. „Ляски (Ново Лески) | bgclubs.eu“. bgclubs.eu (бугарски). Посетено на 2023-02-27.
  4. ЕООД, Български футбол. „ОФГ Благоевград 2010/11“. bulgarian-football.com (бугарски). Посетено на 2023-02-27.
  5. ЕООД, Български футбол. „ОГ Благоевград 2017/18“. bulgarian-football.com (бугарски). Посетено на 2023-02-27.