Уставот на Слободниот и ханзеатски град Хамбург (германски: Verfassung der Freien und Hansestadt Hamburg) е основен правен документ на германската град-држава Хамбург. Бил изгласан на 6 јуни 1952. Бил четвртиот устав, кој државата го има, се состои од 76 члена и бил изменет 13 пати.

Хамбург

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Хамбург



Историја уреди

 
Првиот Rezeß од 1410.

Ерих и Мартин Ферг го сметаат документот наречен „првиот Rezeß“ од 1410 како прв устав на Хамбург, и покрај тоа што не бил демократски донесен.[1]

Првиот устав бил донесен на 28 септември 1860. Вовел облик на посредна демократија, но со ограничено право на глас, н.п. можеле да гласаат само мажите. На 13 октомври 1879, бил создаден нов устав (Verfassung der freien und Hansestadt Hamburg).[2]

По Првата светска војна во 1919 во парламентарната Вајмарска Република, Хамбуршкиот парламент ратификувал привремен устав (Gesetz über die Vorläufige Staatsgewalt), а подоцна и уставот (Verfassung der Freien und Hansestadt Hamburg) бил формално изгласан во 1921.[3]

Уставот од 1952 бил ратификуван од Хамбуршкиот парламент.

Содржина уреди

Уставот се состои од 76 членови и преамбула. Дитер Лепле ја опишал важната врска помеѓу пристаништето и трговскиот град, кои се внесени во преамбулата во уставот како следни: Преамбулата на уставот на Хамбург укажува на тесната поврзаност помеѓу пристаништето и градот во однос на неговиот развој: „Како меѓународно пристаниште на Слободниот и ханзеатски град Хамбург имал специјална задача, распределена од неговата историја и локација, да ја изврши за германскиот народ. Во духот на мирот сакало да биде посредник помеѓу сите континенти и луѓето од светот.“[4]

Поделен е на следниве делови:

  • правни основи (I). Спротивно од другите две градови-држави Берлин и Бремен уставот не ги раздвојува покраинските и локалните комунални работи.[5]
  • делови за Хамбуршкиот парламент (II) и сенатот (III)
  • право (IV) и администрација (V)
  • јурисдикција (VI)
  • буџет и финансии (VII)
  • и преодни и завршни одредби (VIII)

Бидејќи уставот бил изгласан во 1959, по Основниот закон за Сојузна Република Германија (изгласан во 1949) — кој е документ кои ги регулира и опишува должностите, надлежностите, структурата и функцијата на политиката во Германија и за германските покраини — делот за човекови и основни права недостасуваат.

Уставни институции уреди

Законодавната власт му припаѓа на Хамбуршкиот парламент, судската власт на Хамбуршкиот уставен суд (Hamburgisches Verfassungsgericht), а извршната власт е претставена од сенатот (владиниот кабинет), на чело со Првиот градоначалник на Хамбург (Erster Bürgermeister der Freien und Hansestadt Hamburg) еднаква титула на премиер или министер-претседател.

Амандмани уреди

Уставот бил изменет 13 пати од 1952.

Наводи уреди

  1. Verg, Erich; Verg, Martin (2007), Das Abenteuer das Hamburg heißt (германски) (4. изд.), Hamburg: Ellert&Richter, стр. 39, ISBN 9783831901371
  2. Verfassung der freien und Hansestadt Hamburg (германски), verfassungen.de, 1879-10-13, Архивирано од изворникот на 2008-12-27, Посетено на 2009-07-25
  3. Verfassung der Freien und Hansestadt Hamburg (германски), verfassungen.de, 1921-01-07, Архивирано од изворникот на 2008-12-27, Посетено на 2009-07-25
  4. Лепле, Дитер (1996), Хамбуршко пристаниште (PDF), Универзитет Бремен www.maritim.uni-bremen.de, Посетено на 2009-07-25[мртва врска]
  5. Крамер, Јута (2005), Локална политика и градови-држави во Германија (PDF), Фондација Конрад Аденауер, ISBN 0-9584936-8-5, Посетено на 2009-07-25

Литература уреди

  • Werner Thieme: Verfassung der Freien und Hansestadt Hamburg. Kommentar mit einem Anhang Hamburgischer staatsrechtlicher Gesetze. Harvestehuder Fachverlag, Hamburg 1998. ISBN 9783933375001 (германски)
  • 50 Jahre Verfassung der Freien und Hansestadt Hamburg : Festakt am 6. Juni 2002 im Hamburger Rathaus, Hamburgische Bürgerschaft, Hamburg 2002.

Надворешни врски уреди