Универзитет за ликовни уметности Мимар Синан

(Пренасочено од Универзитет Мимар Синан)

Универзитетот за ликовни уметности Мимар Синан (турски: Mimar Sinan Güzel Sanatlar Üniversitesi) е турски државен универзитет посветен на високото образование за ликовна уметност. Тој се наоѓа во населбата Финдикли, во Истанбул, Турција.

Универзитет за ликовни уметности Мимар Синан
Mimar Sinan Güzel Sanatlar Üniversitesi
Виддржавен универзитет
Основан1 јануари 1882
РекторПроф. Д-р Рахми Аксунгур
Административен кадар
500
Додипломци5.100
МестоФиндикли, Истанбул, Турција
FounderОсман Хамди Бег
http://www.msu.edu.tr/
Мермерен ѕид на влезот на Универзитетот

Универзитетот бил отворен на 1 јануари 1882 година како "школа за ликовна уметност" ( "Mekteb-Sanayi з-з-Nefise i Şâhâne" или едноставно "Sanayi-i Nefise Mektebi") од страна на познатиот турски сликар Осман Хамди Бег. Во 1928 година името на училиштето било преименувано во "Академија за ликовни уметности" (Güzel Sanatlar Akademis), како и во 1982 година, кога го добило денешното име, кое е посветено на големиот османлиски архитект Мимар Синан.

На универзитетот се изучува:

  • Факултет за природни науки и книжевност (археологија, педагогија, физика, статистика, математика, историја на уметност, социологија, историја, турски филологија и литература)
  • Факултет за ликовни уметности (фотографија, традиционален турски ракотворби, графички дизајн, скулптурата, сликарството, дизајн на сцена и сценска облека, уметничка керамика и стаклена уметност, филм и телевизија, дизајн на текстил и моден дизајн, книговезка, калиграфија)
  • Факултет за архитектура (индустриски дизајн, внатрешна декорација, архитектура, урбанизам и регионално планирање)
  • Државен конзерваториум (музика, музикологија, изведувачки уметности)
  • Стручни предмети (текстилен дизајн, архитектурна реставрација)
  • Институт за природни науки
  • Институт за општествени науки
  • Школа за информатика

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди