Уганда на Олимписките игри

Уганда првпат учествувала на Олимписки игри во 1956 година и оттогаш испраќала спортисти на сите Летни олимписки игри, освен во 1976 година, кога бојкотирала. Уганда никогаш нема испратено спортисти на некои Зимски олимписки игри.

Уганда на Олимписките игри

Знаме на Уганда
МОК-код  UGA
НОК Угандски олимписки комитет
Порталwww.nocuganda.com
Олимписка историја
Летни олимпијади

Угандските спортисти имаат освоено вкупно седум медали, сите во атлетика и бокс.

Националниот олимписки комитет на Уганда бил создаден во 1950 година и признаен од Меѓународниот олимписки комитет во 1956 година.

Медалисти уреди

Медал Име Игри Спорт Дисциплина
  Сребрен Мукванга, ЕридадиЕридади Мукванга   Мексико 1968   Бокс бантам категорија
  Бронзен Рвабвого, ЛеоЛео Рвабвого   Мексико 1968   Бокс мува категорија
  Златен Аки-Буа, ЏонЏон Аки-Буа   Минхен 1972   Атлетика 400 метри со пречки
  Сребрен Рвабвого, ЛеоЛео Рвабвого   Минхен 1972   Бокс мува категорија
  Сребрен Мугаби, ЏонЏон Мугаби   Москва 1980   Бокс велтер категорија
  Бронзен Камога, ДејвисДејвис Камога   Атланта 1996   Атлетика 400 метри
  Златен Киптротик, СтивенСтивен Киптротик   Лондон 2012   Атлетика маратон

Медали уреди

ЛОИ уреди

Игри Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Мелбурн 1956 0 0 0 0
Рим 1960 0 0 0 0
Токио 1964 0 0 0 0
Мексико 1968 0 1 1 2
Минхен 1972 1 1 0 2
Монтреал 1976 не учествувале
Москва 1980 0 1 0 1
Лос Анџелес 1984 0 0 0 0
Сеул 1988 0 0 0 0
Барселона 1992 0 0 0 0
Атланта 1996 0 0 1 1
Сиднеј 2000 0 0 0 0
Атина 2004 0 0 0 0
Пекинг 2008 0 0 0 0
Лондон 2012 1 0 0 1
Вкупно 2 3 2 7

По спорт уреди

Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Атлетика 2 0 1 3
Бокс 0 3 1 4
Вкупно 2 3 2 7

Наводи уреди

  • „Освојувачи на олимписки медал“. Меѓународен олимписки комитет. Архивирано од изворникот 2007-12-01. Посетено на 19 декември 2007.
  • „Олимписки комитет на Уганда“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 14 јуни 2011.