Убого

село во Општина Градско

Убого — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[2]

Убого

Глетка на Убого

Убого во рамките на Македонија
Убого
Местоположба на Убого во Македонија
Убого на карта

Карта

Координати 41°38′25″N 21°56′51″E / 41.64028° СГШ; 21.94750° ИГД / 41.64028; 21.94750
Регион  Вардарски
Општина Градско
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1420
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29077
Надм. вис. 160 м
Убого на општинската карта

Атарот на Убого во рамките на општината
Убого на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа југоисточно од Велес, на околу 8 км северно од општинското седиште Градско. Сместено е од левата страна на реката Вардар, на надморска височина од 160 м.[3]

Историја уреди

Подрачјето на Убого е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Ногаевски Пат во непосредна близина на селото.[4]

Во XIX век Убого било македонско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Убогово имало 130 жители, сите Македонци.[5][6]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Убогоно (Oubogono) живееле 80 Македонци, сите под егзархијата.[5][7]

Според туркологот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Убово имало и 3 Турци.[8]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194897—    
1953288+196.9%
1961178−38.2%
197115−91.6%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[9]

Населението на Убого значајно нараснало во повоениот период, со речиси исклучив прилив од македонско население. Подоцна се доселиле и поголем број Албанци[3], како и доста лица чија народност во пописот не се определена (т.е. сместена во „останати“). Почнало масовно да се раселува некаде во 1960-тите и е сосема напуштено во 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Убого немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 130 80 97 288 178 15 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви
Археолошки наоѓалишта[4]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 306. ISBN 9989-862-00-1.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 87. ISBN 9989-649-28-6.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 136-137.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски уреди