Убавицата на денот

Убавицата на денот (француски: Belle de Jour) - француски филм од 1967 година, во режија на Луис Буњел. Главните улоги ги толкуваат: Катрин Денев, Жан Сорел, Женевјев Паж, Пјер Клементи, Франсоаз Фабиен, Мишел Пиколи. Во 1967 година, Буњел го освоил „Златниот лав[1]

Содржина уреди

Северина Серизи (ја игра Денев) е омажена за докторот Пјер Серизи (го игра Сорел) кој многу ја сака, но таа не е задоволна од брачниот живот. Поради тоа, таа одлучува да стане проститутка во јавната куќа на мадам Анаис (ја игра Паж), каде работи под името „Убавицата на денот“ затоа што се проституира само дење. Еднаш, во јавната куќа доаѓа криминалецот Марсел (го игра Клементи) кој се вљубува во неа и постанува љубоморен, посакувајќи ја само за себе. Кога во јавната куќа доаѓа господинот Анри Исон (го игра Пиколи), кој е близок пријател на докторот Серизи, Северина ја напушта јавната куќа. Меѓутоа, во нејзиниот дом доаѓа Марсел, кој го пречекува Пјер и тешко го ранува, а потоа полицијата го убива Марсел. Паралелно со главното дејство, во филмот се испреплетуваат и сцени во кои Пјер си замислува како ја измачува Северина.[2]

Наводи уреди