Турски документи за убиството на Гоце Делчев

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски револуционер и национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија [1] идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.[2]

Претпоставките за убиството на Гоце Делчев и натаму остануваат во „превезот на таинственоста“ сè додека не бидат отворени „трезорите на цариградските, софиските, атинските и другите архиви“, како што констатира еден од најупорните истражувачи на Гоцевото време и дело д-р Христо Андонов Полјански.[3] Во прилог следат дел од оригиналните документи со нивен превод на македонски јазик.

Телеграма од 6 мај 1903 уреди

„Четата на Гоце Делчев, еден од прочуените челници, составена од дваесет и еден бунтовник, на кои им се придружија и бесрамници од бугарското население, така што сега достигнаа приближно седумдесет до осумдесет (души) биле опколени од страна на одредите на Царската војска во селото Баница, оддалечено два и половина часа од Сер. Во резултат на судирот кој траел триесет часа, мртви во раце паднаа единаесет бунтовници, меѓу нив и Делчев. Од бомбите и динамитот што го употребиле бунтовниците, дел од куќите изгореле. А дел од куќите кои бунтовниците вообичаено ги употребуваат како складишта за оружје, самите ги запалиле, па и тие исто така изгореле. Под урнатините беа пронајдени и очекуваните бунтовнички постројки. Кај Царската војска имаше пет лица загинати и осум ранети. Од фатениот еден ранет бунтовник добиени се информации за другите нивни челници. Кај Делчев е најдена една карта на која е прикажан Серскиот реон и едно упатство за уривање на железничката пруга. Со оглед на дадената сигурна вест за избувнување на бунт во Сер во утврдениот ден, според текот на настаните се заклучува дека бунтовниците, со префрлање во Сер на употребените динамит и бомби во рамките на овие ден-два, биле во состојба да поредизвикаат безредие. Направен е обид за сместување на населението кое во времето на судирот било изгонето надвор од селото од страна на Царската војска. Се доставува врз снова на податоци. Заповед.“

Турски документи за убиството на Гоце Делчев, Превод, редакција и коментар Александар Стојановски стр.32-33 Архив на Македонија, 1992

Телеграма на Солунскиот валија Хасан Фахми од петти мај 1903 година. Како причина за доцнењето се зема оддалеченоста.

Шифрирана телеграма од Солунскиот вилает 10 мај 1903 уреди

„Дополнување. На 22 април 1319 година (5 мај 1903), при судирот во серското село Баница, фатениот ранет бунтовник Ѓорѓи Стојан од Савјак, според признанијата што ги дал пеи сослушувањето изјавил: Загинатиот Делчев, на чело на триесет лица пред извесно време го дигна во воздух железничкиот мост во близина на Анџиста. Споменатиот, со неговиот другар Димитре Стојан, неодамна одејќи за Солун, се нашле во него за време на тамошните настани.Делчев заедно со своите истомисленици положил клетва дека ќе го крене селското населени на општо востание. Отсега натаму за појавените спорови меѓу селаните да не се обраќаат на власта, а желбите да им ги доставуваат на бугарските селски учители. Самите тие, при своите посети на селата секогаш ќе ги разгледуваат нивните жалби. Изговарал празни зборови, како што е востанувајќи сите наеднаш, дека ќе ги преземат тукашните места. Заради извршување на уште еден сатански злостор во Сер, при тајното одење за Сер, Делчев ги опковувал локолните села. Откако пристигнале во селото Баница, биле блокирани од страна на царската војска и жандармеријата. Делчев, како и другите, меѓу кои имало челници, паднале убииени и ранети. Во сите села сообразно со нивната големина, пронајдено е оружје. (Фатениот Ѓорѓи) изјавил дека од две илијади пушки што ги очекувале да им пристигнат, илјада ќе биле испратени од Бугарија, а илјада од Грција, преку Солун. Преку оваа изјава, едновремено потврда на Делчевото убиство, одново излегоа на виделина неговите сатански намери. И покрај сомневањето во степенот на веродостојноста на иакажувањата на споменатиот за сите настани, извршено е тајно известување во однос на потребните мерки за спречување на внос на секаков вид оружје и за внимавање околу сочувување на мирот. Од друга страна чинејќи да продолжи сослушувањето на споменатиот бунтовник, сда се упростувада продолжи со давање на информации. Доставено е.“

Турски документи за убиството на Гоце Делчев, Превод, редакција и коментар Александар Стојановски стр.42-43 Архив на Македонија, 1992

Изјава со која се потврдува убиството на Гоце Делчев и се потврдуваат неговите намери за организирање на востание во Серскиот регион.

Надворешни врски уреди

  • Стојановски, Александар (1992). "Турски документи за убиството на Гоце Делчев" (PDF). Скопjе: Архив на Македонија.

Наводи уреди

  1. Евтим Спространов. Дневник, Т.I (1901-1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994
  2. Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982
  3. Христо Андонов-Полјански,Гоце Делчев,I Скопје, 1972,240;III Скопје, 1972, 270