Турпија или еге — рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, на метални и на слични површини со која се симнува горниот слој од површината[1][2]. Турпијата се состои од челична шипка чија површина е избраздена со остри запци, обично поставена на дршка. Се користи за гланцање или сечење на материјал со стружење.

Турпии
Двострано назабување на турпија
Турпии со разна финост со еднострано назабување

Поделба според намената уреди

Турпиите се изработуваат, во зависност од намената, од стандардни до многу тврди челици. Mоже да се поделат на повеќе начини, а основната поделба им е според намената. Исто така се делат според нивниот облик, како и на рачни и машински.

Турпии за обработка на дрво уреди

Овие турпии се изработуваат од стандарден челик.

Турпии за обработка на метал уреди

Овие турпии се изработуваат од тврд челик.

Поделба според обликот уреди

 

Турпиите според нивниот облик се делат на:

Правоаголни уреди

Рамната турпија има правоаголен пресек со висина отприлика 15 од нејзината ширина. Само површините на ширините имаат запци.

Квадратни уреди

Пресекот на овие турпии е квадрат. Сите површини се назабени.

Полукружни уреди

Пресекот на полукружната турпија е полукруг. И двете нејзини страни, рамната и полукружната, се назабени.

Кружни уреди

Пресекот на кружната турпија е круг кој се намалува одејќи од дршката кон врвот.

Триаголни уреди

Пресекот на триаголната турпија е триаголник. Се користи на пример за острење пили.

 
Триаголана турпија

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди