Тречиа д'оро е печена торта направена од тесто од квасец и зашеќерено овошје, од Крема во северна Италија.

Потекло уреди

Тречиа д'оро („Златната плетенка“) била измислена во годините 1937-1938 година и изложена во „Фиера ди Падова“ од страна на слаткарот Зиронда, кој подоцна ја патентирал и самостојно ја отворил продавницата „Пастичерија Зиронда“.

Виторио Макали почнал да работи таму како чирак и кога сопственикот решил да се пензионира, Макали го заменил. Подоцна отворил продавница на Пјаца Гарибалди во Крема, наречена „Тречиа д'оро“. Ломбардија ја препозна оваа „Тречиа д'оро“ како рачно изработен производ на Крема и неговата околина, Кремаско.

Состојки уреди

Колачот е во облик на ролат и смесата содржи: брашно, путер, шеќер, пивски квасец, зашеќерено овошје (портокал и цитрон), суво грозје, вода, сол.

Колачот може да се чува до две недели.

Библиографија уреди

  • Даниела Бјанчеси и Роберта Скира, Тера пиатти и пијати, Крема, Џани Јукулано уредник, 2003 година.